Број 3322  петок, 02 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

Зурли, тапани и сите адети на Петровден

На 10 и на 11 јули, викендот пред Петровден, зетот Филип Шотаровски и невестата Љупка Талеска, двајцата по 27 години, ќе ја овековечат својата врска на традиционалната манифестација што се одржува секоја година во подножјето на Бистра, познатата „Галичка свадба“. Парот на 20 јуни веќе ја помина брачната „испитна“ церемонија, па сега, во духот на големиот празник, но и за радост на многубројни негувачи на галичкиот фолклор, ќе ја одржат својата голема свадбена прослава.

„Огромна чест е да се учествува на манифестацијата, а камоли да се биде зет. По пауза од две колена во моето семејство, мило ми е што јас ја имам можноста да ја продолжам традицијата“, рече идниот младоженец на вчерашната прес-конференција во „Александар палас“. „Задоволството е неизмерно. Традицијата треба да се негува. Во изминатиов период се запознав со сите обичаи, а како најинтересно нешто би го издвоила е качувањето на коњот“, изјави невестата Талеска, која за разлика од галичанецот Филип, има крушевско потекло.

На вчерашната прес-конференција организацискиот одбор на „Галичка свадба 2010“ и Месната заедница „Галичник“ ги објавија активностите, обредите и ритуалите за престојната традиционално-културна манифестација. Во саботната вечер, 10 јули, во 19 часот ќе започне прославата со китење на бајракот и фрлање пушка, пречек на топаните, кои ќе се движат кон куќата на зетот... Ќе има играње на „Свекрвино оро“, но и „Невестинското“ и „Тешкото“, симболично изведени сретсело, на Упија. Потоа, поворката од свадбари со факели и борини одат од вилата на зетот, ја земаат невестата од нејзината куќа, па се завршува на трите чешми: Секуличе, Динговиче и Упија. Надвор од свадбената церемонија, како музичка забава за присутните на манифестацијата, во 21 часот организаторот обезбеди концертен настап на македонската група „Љубојна“. Во неделното утро зетот и најблиските роднини ќе го посетат гробот на починатите, па ќе има канење на кумот, бричење на зетот, тргнување, испраќање и пречек на девојката, товарење ковчези, за, на крајот, по венчавката и ората кај Св. Петар и Павле, свадбените обичаи да завршат попладне со носење на невестата на вода и заигрување уште некое оро. Секако, откако топаните ќе ги испратат најблиските роднини, свекорот им дарува пари. Неизбежни ќе бидат зурлите, тапаните, оригиналните, стари раскошни носии во екот на духовното, фолклорното и уметничкото наследство. Според учесниците на претходната манифестација, на минатата „Галичка свадба“ имало 10.000 посетители, па, така и оваа година очекуваат многу гости, туристи, странци, но и многубројни домашни вљубеници во галичкиот белег. (Б.Ш.)


#
Статијата е прочитана 985 пати.

Испрати коментар

Од: Daliborka
Датум: 02.07.2010 10:36:05
So sreka mladenci Galicnik e preubavo mesto vistinski raj,uzivajte vo veselbata i prirodata sto ja ima samo vo Galicnik.
Од: violeta
Датум: 02.07.2010 16:23:33
Галичник е убаво место, ама Лазарополе е уште поубаво и попитомо од сите други места во тој крај.Ова не е Галичка свадба туку мијачка, зашто обичаите се исти како во сите места од мијачкиот крај. Тоа е мијачка свадба која се одржува во Галичник.Во секој случај нека им е со среќа на младенците.

Најди! во Утрински
Забава
Сочно бакнување со пријателката
Бора Чорба во Каменица и во Пробиштип
Станав бизнисмен за да ја заштитам мојата уметност
Бившата девојка лажела за финансиската помош?
Поп-иконата му ја пренел болеста на синот