Број 3601  четврток, 09 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хроника

Владата не се откажува од плаќање на лекарите според сработеното

Владата не се откажува од тоа на лекарите да им се плаќа според сработеното. „За системот на плаќање според остварување нема алтернативно решение. Тој е сложен и сензитивен и бара време за да не создаде никакви последици од кои било импровизации, посветеност и разбирање од сите страни“, им ве��и вчера првиот лекар во државата, Бујар Османи, на своите колеги на 19-годишнината од постоењето на Лекарската комора на Македонија.

Тој уште потенцира дека ќе продолжат со унапредување на здравјето на луѓето, како и со мотивацијата на лекарите преку создавање долгоодржлив систем преку продолжување на започнатите проекти во кои како стартегиски партнер, секако, ќе биде Лекарската комора.

И лекарите се за новиот систем за плаќање според оствареното. „Не сме го промениле ставот, плаќање според остварено - да, вреднување на интелектуалниот труд - да, но да биде со критериуми и со објективна процена и да важи за сите здравствени работници“, изјави претседателот на Лекарската комора, Владимир Борозанов. Комората, како што додаде Борозанов, ќе настојува да биде активно вклучена при донесувањето на законот за здравствена дејност, кој е во завршна фаза, како и на Законот за лекарите, за да ги усогласи ставовите. Се надева дека посериозно ќе се размисли и за законот за јавна администрација. (Ј.Ј.)


#
Статијата е прочитана 718 пати.

Испрати коментар

Од: Стефанка
Датум: 09.06.2011 06:36:53
Срамота жива, ова ли се реформи? Каде има вакви глупости, ограничувања на упати, боледувања, рецепти, инаку се намалува капитацијата. За дете со сипаници, не можев да добијам боледување, морав да користам одмор, затоа што докторката ги потрошила боледувањата за месецот!? Инаку ќе и намалат капитација. Па нормално ли е тоа? На крај краишта, кратките боледувања, до 21 ден се на терет на фирмата а не на фондот. Не ја гледам логиката, но сум оштетена, налутена и навредена. Ова треба на уставен да се даде.
Од: koljo
Датум: 09.06.2011 07:12:37
Neka ne lazat. Na intelektuacite i na doktorite samo ochite im gi machkaat i nivna cel beshe i si ja ostvarija da gi napravat doktorite so navednati glavi da go dochekuvaat sekoj i sekakov po 5 pati dnevno za djabe. Ako ne prifati togash sleduvaat lisici kameri i alfi.Samo za sporedba proverka na pritisok na gumite na voziloto koshta 20 denari za proverka na krven pritisok ne smee da se naplati ni denar, od toa proizleguva deka gumite i nivniot pritisok se povazni.Vulkanizerite nikoj od zabava ne gi maltretira a doktorite so vakviot odnos na vlasta si ja zamrazija profesijata.

Најди! во Утрински
Хроника
Мечка три дена се гостела со мед во Дихово
Татко две години ја силувал ќерка си
Маж сакал да ја убие сопругата со вила
На Стража пукал со гасен пиштол
Охриѓанец загинал паѓајќи од балкон

"""