| 
							
	
								
						 | 
						
							
										
																			
							
								
									 | 
																
								На Стража пукал со гасен пиштол
  Гостивар – Дваесет и едногодишниот Р.И. од кумановското село Липково завчера напладне околу 12,40 часот пукал со гасен пиштол додека со своето возило поминувал на месноста Стража, на магистралниот пат Гостивар – Кичево. За среќа, не е причинета материјална штета, туку само биле вознемирена патниците што одморале на терасите на неколкуте угостителски објекти на овој локалитет, а кои се полни со туристи во овие месеци. 
  Настанот во г��стиварската полиција го пријавил случаен минувач, по што сторителот бил запрен за многу кратко време и веднаш приведен во полициската станица во Гостивар. Лицето било идентификувано и притоа било констатирано дека Р.И. пукал со гасен пиштол марка „бруни 85“ со калибар 9 мм од своето возило БМВ со кумановски регистарски таблици. По целосно расчистување на случајот, тој ќе се соочи со соодветна пријава. (К.К.) |  
   #			
												 
													
													
														| 
															
																 |  
																	| 
																		Статијата е прочитана 1110 пати.
																	 | 
																 	
																
																	| 
																		
																																		
																	 | 
																 																
															
														
													
												 
									
								
									 | 
									 | 
								 
							 		
						 | 		
						
							
							 	
							
							
						 | 
						
							
							
							
							 
							
							
							
							
							
							
							
															
						 |