|
|
Маж сакал да ја убие сопругата со вила
Пијан скопјанец со вила се обидел да убие сопругата. Настанот, според полицијата, се случил во кратовското село Татомир, во близина на семејната куќа на шеесет и едногодишниот Љ.Л. Тој под дејство на алкохол ја нападнал сопругата нанесувајќи и' тешки повреди по главата.
„Настанот се случил вчера изутрина околу 8 часот во селото Љ.Л. во Татомир. По претходна расправија, со вила физички ја нападнал сопругата Л.Л. (61), на��есувајќи и' повреда во пределот на главата“, информираат од МВР.
Повредената жена е пренесена во Ургентниот центар во Скопје. Полицијата против сопругот поднесе кривична пријава за убиство во обид, а истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. (Х.Р.) |
#
|
Статијата е прочитана 1280 пати.
|
|
|
|
|
|
|