Кај мене останува горчливиот вкус на реалноста дека мојата генерација ќе се изначека да се види во Европа како рамноправен член
И оваа недела, за жал, беше исполнета со активности на нашата држава, кои се тешки за анализирање и прифаќање. Велам, тешки, барем за оние кои се љубители на вистината и на слободата. Во најмала рака, збунувачки. Инаку, лесно можеме да се конформираме и да кажеме - секое чудо за три дена. Овој текст нема за цел да се пресметува на некаква политичка основа со неистомисленици. Ниту, пак, има за цел да определува каква било идеолошка разлика, односно да ја објаснува, слика реалноста низ призма на политичко убедување. Верувајте дека долго размислувам како да ги соопштам, да ги објавам ставовите, за да не создавам поделба или лошотилак. Поминати, и ако сакате, апсолвирани се фазите на компетиција и докажување, убедување, самодокажување, надмудрување. Едноставно, доаѓа време во животот кога тие категории стануваат небитни кога е во прашање повисока цел или иднината на цела една нација... Кога се пледира на така битен темел се' е небитно, освен вистината или борбата да се дојде до неа.
Поради сево погоре кажано, со намера го побарав мислењето што го објавив на 26 април годинава. Насловот беше „Патриоти и предавници“. Морав внимателно да го препрочитам поради неколку причини. Самиот наслов кажува многу. Уште во тоа време се чувствуваше во нашето општество сериозен притисок врз слободната мисла, односно се одвиваше процес на пресирање на секој неистомисленик. Посебно силно и изразено се притискаше на сите кои имаа поинаков пристап кон проблемот со името и Грција. Во тоа време (кое не е така одамна), да потсетам, за нас некаков последен датум за фаќање на возот за приклучување кон НАТО беше 9 јули.
Интересно е што само 4 месеци подоцна никој веќе во нашето општество не го спомнува овој датум во никаков контекст! Навистина, и низ парадигматичниот пример на 9 јули можеме да се самоанализираме како нација која кратко памети. До тој датум требаше, барем така беше од нас побарано, да се приклучиме на Јадранската група за влез во НАТО. Но, тој датум дојде и помина, а ние ниту се приклучивме на групата за интегрирање во Алијансата, ниту пак нешто конкретно произлезе како одговор или платформа на нашата држава. Колку што знам, наша униформирана и неподелена намера е да влеземе во евроатланските интеграции.
Па, сепак, процесот и целата атмосфера беше вешто (можеби и намерно!) пренасочена кон расправа кој во случајот е предавник, а кој патриот. Така си ги губевме без потреба деновите, кои за разлика од сфаќањето на меѓународната политика на некои практиканти, се и тоа како значајни за иднината на нашат�� држава. Посебно од аспект на привршувањето на вториот мандат на досега реално најсилниот сојузник на нашата татковина, по прашањето на спорот со името. Да, погодувате, Буш беше навистина наш најголем сојузник по ова прашање. Уште еднаш, по којзнае кој пат ќе потсетам на неговата извршна одлука, прва во вториот мандат, со која ја призна Македонија со нејзиното уставно име. Велам беше, зашто тоа време, според сите индикатори, е зад нас. А што не' очекува во иднина, кога станува збор за нашиот најсилен сојузник во меѓународните работи е во најмала рака нејасно.
Дозволете мала информативна дигресија. Деновиве читав една симпатична изјава од наш млад и амбициозен политичар. Тој по прошетката и присуството на партиските конвенции во САД смело изјавува дека добрите односи помеѓу Македонија и САД ќе продолжат по американските избори без оглед кој ќе победи. Се сака да се каже дека нема разлика дали претседател ќе биде Обама или Мекејн. Тоа звучи како добра вест за нас. Тоа дава надеж. Но, дали е навистина таква состојбата, тешко е во овој момент да се заклучи. Информациите кои досега ги добиваме се сосема спротивни. Имено, за Обама и за грчкото влијание врз него знаеме од поодамна. Тој беше јасен и доста отворен околу нашето прашање, да не речам втор Саркози. Досега нашите надежи се потпираа на ветеранот Мекејн. Сметавме дека е логично тој да направи континуитет на политиката на Буш. Од истата партија и со иста идеологија е со Буш. Затоа, некако логично е да навиваме за него и да се надеваме дека правдата ќе победи. Ама во меѓународната политика зборот правда ретко се употребува.
Уште поретко тој го има значењето на кое сме навикнати. За разлика од тоа, многу почесто се употребува зборот – ИНТЕРЕС. Преведено на македонски, а земено предвид дека Македонија не се спомнува во надворешно-политичката програма на Мекејн, само можам да кажам дека се надевам оти нема да се случи драматичен пресврт во третирањето на Македонија во 2009. Моите стравувања се дека со промената на американската администрација, без разлика на победникот, на Македонија и' претстои турбулентен период. Ајде да претпоставиме дека грешам. Па, сепак, моја обврска е да предупредам, да ги покажам сигналите, белезите. Не мора секогаш таа улога да се симпатична. Напротив, може да биде погодна за обвинувања за некакво предавство. Прифаќам. Се' нека сум погрешил, само нека биде добра нашата иднина и брзи интеграциите.
Токму кога говориме за сигналите што стигнуваат до нас - нема простор за оптимизам. Напротив, ме обзема чувство на незадоволство, бесперспективност и одвоеност. Наместо да размислувам за здружувањето со Европа и целиот цивилизиран свет, на рамноправно и слободно ниво, јас треперам. Целиот процес за нас стана една траума од која до крајот на нашите животи нема да се ослободиме, долго откако ќе станеме дел од организациите кон кои стремиме. Со неверица и целосно затечен останав по објавувањето на плановите на министерот за надворешни, кои тој и' ги соопшти на соодветната комисија на Собранието. Отворено и без никаква задршка, ни кажа дека нашата интеграција во наредните четири години ќе почека. Притоа, немајќи поиздржан концепт, ни објаснување, се зафати со свртување на вниманието кон мултиетничкиот модел на општеството, економскиот развој и евентуалната политичката стабилност.
Елементи кои се надвор од неговиот ресор и со концепција која е сосема нереална. Меѓутоа, кога ќе се земе предвид дека станува збор за функционер кој е силно инволвиран во процесите и со големо влијание, како и (претпоставувам) информираност, навистина сум загрижен. Очекував дека некој, конечно, ќе ми каже дека интеграцијата ќе заврши, дека еднаш веќе ќе станеме дел од НАТО и ЕУ. Не се надевав дека пред мене се нови долготрајни, целоживотни предизвици. Ровови од кои нема излез... Не е јасно како може да се очекува соработка со стратегиските сојузници по изјавата дека немаме сериозна намера да ги решаваме проблемите што се пред нас. Дури и ако беше изјавата дадена за внатрешно-политички потреби, треба да се има предвид дека тукашните странски претставници сериозно ги анализираат нашите најави и намери.
Кај мене останува горчливиот вкус на реалноста дека мојата генерација ќе се изначека да се види во Европа како рамноправен член. И на крај да додадам, од ваква перспектива, кога полека пред нас се црта нов хоризонт на одвоеност и застој, се релативизираат стигмите за предавници и патриоти. Да не ги преврти улогите историјата наскоро, според за неа строго утврдените норми за оценување!
Situacijata se zategnuva vo Evropa a nie nikako da vlezeme vo NATO. Utre mozda ce ima vojni, bez nas. Nie ce ostaneme na strana i samo seir ce gledame. Katastrofa
Од: Richelieu
Датум: 06.09.2008 00:24:05
Za vrskata pomegju Obama i grckoto lobi veke znaeme. No ona sto me sokirase sinoka pri prenosot od Republikanskata Konvencija e faktot sto, kako i prethodno na Demokratskata , blagoslovot go procita Arhiepiskopot na Grckata pravoslavna crkva vo SAD Demetrios. Taka da veke moze slobodno da se zakluci deka Grcija go ima obezbedeno vlijanieto vrz slednata administracija. Drug moment koj nie po se sudejki namerno go ignorirame e toa deka dosegasniot stav na SAD kon Makedonija izvirase od Belata kuka (citaj: Bush) a ne od State Department, vo koj ima raznoglasie za odnosot kon nasiot region. Se slozuvam deka nema da dojde do promena kon imeto (ke ni se obrakaat kako Makedonija) no zatoa pak (na mala vrata) ke go podrzat novoto ime izdelkano preku Grcija, via OON. vo megjuvreme, mladiot i ambiciozen politicar, napravi "golem uspeh" sto se sretna so eden isluzen i diskreditiran (afera Yugo-America) diplomat kako Iglberger. Se prasuvam samo dali sostanokot bese pred molitvata na Demetrios :)
Од: Placko1
Датум: 06.09.2008 00:40:52
Koga go procitav tekstot, mi dojde da placam po napisov napisan od placliviot Filip, a duri potoa pocnav da se smejam koga go procitav slednovo:"Посебно од аспект на привршувањето на вториот мандат на досега реално најсилниот сојузник на нашата татковина, по прашањето на спорот со името. Да, погодувате, Буш беше навистина наш најголем сојузник по ова прашање"-zavrsen citat.
Kakvi ti se tie strategiski sojuznici Filipe pred koi treba "da se sturnat gakite"-navistina covekov ne znae sto pisuva.
Од: macor
Датум: 06.09.2008 06:50:03
kako da ocekuvame brza razvrska na problemite koga samite toneme vo sopstvenite jami. gi pisuvam komentarite od stranstvo, lugeto ovde velat : ''problemot kaj vas makedoncite e toa sto ste dlaboko podeleni ...'' izgleda ke treba samo da dopolnam '' ...na patrioti i predavnici ''
Од: mene
Датум: 06.09.2008 08:02:52
Горчливиот вкус на вистината го голтаме како пелин,а шегите за Трпе и Трпејца стануваат невкусна вистина.Секој кој бил надвор,кој видел што е демократија,слобода,цивилизација,економија, не можеш да го убедиш дека е сеедно да си во НАТО иЕУ,или да не си.Не е сеедно,јасно е како ден.И безбедноста,и економијата,и образованието,буквално квалитетот на целокупното општество и живеење зависи директно од тоа дали сме членка или не.Тоа е болен избор за сите нас(и патриоти,и предавници),но ќе биде неминовен избор во име на сите идни генерации кои ќе ни судат за пропуштената шанса,која секако има цена.Жално е и болно да се слуша дека Србија побргу ќе влези во ЕУ и НАТО,а и дека имаат повисок стандард.Зошто тежнееме кон дното?Немаме ли сила да се справиме со предизвиците на модерното време и глобализацијата која станува дел од нас?Имаме ли стратегија?Многу прашања,а одговори нема.Ја пропуштивме ли историската шанса?-ова прашање уште долго ќе не измачува.
Од: Don Kihot
Датум: 06.09.2008 09:06:54
Bravo za analizata, potpolno tocna i se e na mesto.Se dvizime vo pogresen pravec, megunarodnata politika ni e nula, nasata inferiornost vo ovie momenti ke ne cini mnogu, spiema kako i sekogas do sega."Patrioti i predavnici" dve maalski grupi skarani igrjki si kamaj ili gamlii.Za zal ,nasi denesni "politicari"tolku povrsni i prazni, ucmaeni vo nekoja si Balkansa provincialnost , namesto da se gleda regionalno i Svetski.Zaredi ovie dve maalski grupi nie uste mnogu ke se delime na patrioti i predavnici,a vozot ke zamine, pa taka vecito ke ostaneme vo cekalnata, se razbira pregladneti.Uf,ama mi se prijade, ke odam da si kupam burek, a sakata i vie malku?
Од: iki
Датум: 06.09.2008 09:16:33
E vakvi pametni VMROVCI i se poytrebni na drzavava ama nazalost nekoi kvazi politicari koi nemaat ni p od politika ni ja vodat drzavava vo izolacija i propast vreme e da razmisluvame kako pametniov Filip Petrovski koj zali za svojata a jas za mojata generacija deka ke ostaneme crna dupka vo evropa so vodenje na vakva politika na GRuica i negovite podanici zalosno mladi luge a ne mislat za mladite vo Makedonija koj kako sto stojat rabotite ke ostanat izolirani do krajot na svojot zivot OSVESTETE SE mladi luge i recetemu stop na segasnoto vodenje na politikata na ovaa vlast koja misli samo na sebe.Ziv i zdrav da si g-dine Petroski se nadevam deka ke ja osvestite denesnata mladina deka treba da zivee vo evropa.
Од: Битола
Датум: 06.09.2008 10:24:02
А се сесеќавате ли на оној „штрајкот“ што Филип учествоваше со „глад„,а вошаторите јадеа скара,само албанците да немале педагошки факултет.А после штрајкот албанците добија Универзитети благодарение на овој дечко и неговите другари.
Од: suad
Датум: 06.09.2008 11:04:52
da te prasam i ti da ne si desno orientiran ANALENliticar kako nekoi tvoi sopartijci. jadna e ovaa zemja i koga dojde ti da pisuvas i da ANALIZIRAS. imas li ti i tvojata partija nekakva zasluga sto tvoite deca ke odat da kupuvaat na pazarot sutka i na more vo resen. ili sega si nezavisen i ti dojde od gazot vo glavata. kade ti e tatkoto i majkata (ljupco i dosta), da dadat nekoj pridones za resavanje na sfinjariite vo koi zivees. ili ke dojdat koga ke gi potrosat parite.
Од: Bastion Prilep
Датум: 06.09.2008 12:25:37
Ajde luge,site zaedno,sploteni i obedineti da go resime veke ednas zasekogas ovaj problem.Pa jas sum za Vmro-Dpmne ,no veke pocnuva da me iritira ovaa politika sto ja vodi nasata vlast.Morame da se resime:ili ke bidime zaedno so cela prosperitetna EU,ili ke ostaneme slepo crevo na Balkanot.Pa postoeja Istocna i Zapadna Germanija,postoja Severna i Juzna Koreja,a nie se pravime"Patrioti" i i prkosime na Grcija i na cela EU,a ne znaeme deka ako prodolzime vaka ke propitame za leb-I eden apel do ovie sto isprakaat poraki od Avstralija ili USA:ako ste tolku "patrioti" i ako ne sakata promena na imeto,dojdete si i ziveete vo Makedonija,zemajte Makedonski plati,i borete se za imeto-Bravo za Filip Petrovski,me raduva sto pocna da misli pro_evropski
Од: некој си
Датум: 06.09.2008 12:35:40
Нешто навистина реална колумнава, ама и нешто многу демагошки пристапов/настапов.
Ти ако си говорел пред 4 месеци дека треба да се користи времето, некои ти говореа пред повеќе од 10 години дека треба да се користи времето, а не да се оди против логичната и природна поставеност на работите (да, образование на албански јазик).
Кога тие сликите ќе ги тргнеш од тоа блогот и кога ќе признаеш дека тоа е најсрамниот и најкатастрофалниот чин во твојот живот, тогаш можеби ќе почнеш да бидеш во право.
А дотогаш, немаш право да зборуваш за овие работи, и покрај твоето „светско“ образование и „искуство“.
Од: Slavica
Датум: 06.09.2008 13:51:27
Dobra statija.
Од: citatel
Датум: 06.09.2008 14:09:56
Filipe pa ti im bese ucitel i mentor na Milososki i Gorcev.