Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Едиторијал

Инфлација ли беше или дефлација

Нина Нинеска-Фиданоска

„Не разбрав сега дали сме во инфлација или во дефлација. Само знам дека кога одам во продавница, многу ми е скапо“, вели еден просечен граѓанин. Тој иако сметал дека горе-долу се разбира од економија, бил апсолутно збунет од најновите изјави на владините министри кои тврдат дека во последниот период Македонија била во зоната на дефлација, што во превод значи дека се намалувале цените или, уште попрецизно, дека се живеело поевтино од порано. „Па, нели вие новинарите постојано пишувате дека има инфлација, од каде сега излезе дефлација“, прашува истиот обичен човек.

Во конфузија се и граѓаните и новинарите што пишуваат за инфлацијата. И не само од изјавата на министерот за финансии Трајко Славески, кој за август прогласи дефлација, земајќи го како репер само минималното намалување на трошоците за живеење за симболични 0,2 отсто. Дали може да се зборува за дефлација во услови кога во август годинава во однос на истиот месец лани трошоците за живеење „рипнале“ за цели 8,6 проценти и кога за периодот јануари-август 2008 во однос на истиот тајминг од 2007 година нивното зголемување било 9,5 отсто, нека пресудат економските експерти. Што и да кажат, обичните луѓе кои секојдневно се соочуваат со дивеењето на цените нема да се согласат оти живеат полесно во споредба со претходниот период.

Уште една работа власта случајно или намерно не ја објаснува и ни ја прикажува како што неа и' одговара. Таа постојано предвидува дека годишната стапка на инфлација ќе биде 6 отсто или помалку, но не прецизира дека тоа се очекува само преку споредбата декември 2008 со декември 2007 година, и тоа главно поради многу повисоката споредбена основа на последниот месец од минатата година. Зошто не се застане машки и да се кажат прогнозите за кумулативната стапка, што сите експерти ја посочуваат како најрелевантен фактор, а која во секој случај ќе биде многу повисока од 6 отсто, е прашање што треба да им се постави на властите.

И други изјави од високи владини функционери внесуваат голема недоумица во јавноста. За цела оваа година откако е актуелна инфлацијата, никако не успеавме да сфатиме кое ниво на инфлација за нашите власти е прифатливо за Македонија. Пред неколку месеци кога порастот на цените беше во својот зенит, вицепремиерот Зоран Ставрески истакна дека „анализите на ММФ покажуваат дека секоја инфлација под 7 проценти не е штетна за економијата“. Значи, ние како граѓани примивме порака дека токму тој процент на инфлација не треба да не' загрижува, а дека се' друго над тоа е опасно. Но, сега, кога има извесен тренд на благо забавување на инфлацијата, Владата веќе оперира со друга бројка која е пожелна како стапка на инфлација. Во завчерашната колумна во „Дневник“, Ставрески излезе со стапка на инфлација од 3 до 4 отст��, како прифатливо ниво за земја која има аспирации за влез во ЕУ. „Уверени сме дека со веќе преземените мерки, годишната инфлација во декември ќе се спушти на околу 6 отсто, а во 2009 година на 3 отсто до 4 отсто, што е прифатливо ниво за земја чија економија конвергира кон ЕУ“, пишува вицепремиерот.

Сега прашуваме кое ниво на инфлација е прифатливо, дали она од 7 или од 3 проценти. Станува ли збор веќе за навика на министрите да даваат констатации и да лиферуваат економски показатели според моменталните потреби или, пак, несвесно влетуваат од една во друга теза без претходно да се преиспитаат. Еднаш е инфлација, еднаш дефлација. Еднаш е стапка од 7, еднаш од 3 отсто.

И уште една работа не' збунува од нашите министри. Имено, министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак завчера од Бунарџик ни порача дека во следните две години ќе сме имале толку многу инвестиции што ќе ни станеле здодевни. Дури и на богатите Англичани не им е никогаш доста од инвестиции. Што сакаше точно да ни порача министерот, можеби допрва ќе разбереме.

 


Статијата е прочитана 792 пати.

Испрати коментар

Од: citatel
Датум: 06.09.2008 12:23:32
Inflacijata e procent na pokacuvane na cenite vo tekushta godina sprema predhodna. Na sto tocno misli novinarkata so "kumulativnata inflacija"?! I na kogo e nuzno da plashi lugeto so takvi brojki??
Од: mane
Датум: 06.09.2008 13:52:06
Госпоѓо Нина, моите трошоци фиксни(телефон,струја,парно,мобилен,интренети кабловска )се 5,200ден, со новата цена на парното од 2.000ден на 3.200ден. стигнаа на 6.400ден, а тоа значи дека инфлацијата на секој Скопјанец од 1,09,08 ќе изнесува по основ на фиксните трошоци 23 проценти.На републички просек од 15.000ден 5.200 учествуваат со 34,66%, додека 6400 учествува со 42,66%. Па каква е инфлацијата на секое домакинство, ако се стават и цените на прехрамбените продукти. Народот секојдневно е посиромашен.
Од: Mitko
Датум: 07.09.2008 11:08:27
Македонските граѓани се наоѓаат во фаза , како во песната на Алка Вуица : „Лажи, лажи, лажи ме - ти ме лажеш најбоље....“. Драги другарчиња требаше да мислите на кого му давате да управува со државата на 1 јуни 2008 (ај ако грешевте пред две години во 2006, за втората грешка веќе нема оправдување). „Гвујо масларот “ ќе исцеди се што може , и после како неговиот политички ментор ЉуБчо ќе изиграва „саудиски принц“ со испокрадените пари од граѓаните (со два-три резерва пасоши од земји кои не екстрадираат „свои“ граѓани). А Вие ( за жал и Ние што гласавме против ВеМеРото) ќе останеме со прстот во уста - бидејќи тоа се нашите искрадени пари. Пуштај Гвујо реклами по весниците и телевизиите и терај „Лажи, лажи, лажи ме - ти ме лажеш најбоље....“

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Арапите во фудбалска акција
Црвенковски
Живот во страв
Македонското срце против шкотската гордост
Сведоците ги потврдуваат трите убиства на Лазе Радевски
Мекејн официјално стана републикански кандидат за претседател
Се сеќавате ли на 9 јули?
Државата бара поскапување на струјата за 38 проценти
Битка да се освои Скопје
Левицата и десницата во Франција и во Македонија
Вербатим
Карикатура

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.