Брoj 2781  сабота, 06 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мекејн официјално стана републикански кандидат за претседател

Партијата на Линколн, Рузвелт и Реган ќе се врати на основите, порача потенцијалниот наследник во Белата куќа, Џон Мекејн

СЕНТ ПОЛ - Џон Мекејн ја прифати кандидатурата на Републиканската партија за Белата куќа во говорот пред расположените приврзаници на националната конвенција на партијата. Тој вети дека ќе донесе промена во владата, ќе ја врати довербата на луѓето во партијата и дека ќе се бори за подобра нација. Поздравувајќи ја неговата кандидатка за потпретседател Сара Пејлин, тој рече дека таа е вистинската личност што ќе му помогне да донесе промена во Вашингтон.

Сенаторот од Аризона рече дека го почитува демократскиот ривал Барак Обама и дека ќе бара непристрасен пристап во политиката. Претставувајќи се уште еднаш како неконформистички политичар, тој вети дека ќе се бори против корупцијата, без оглед дали на демократска или републиканска страна, и ќе биде сигурен дека работи за доброто на американскиот народ. „Дозволете ми однапред да упатам предупредување до старите, големите трошаџии, неработниците, а пред се самиот себе: промената доаѓа“, изјави Мекејн пред насобраните во Сент Пол, Минесота.

Во критиките за неговата партија, тој рече дека „ќе се бори да ги обнови гордоста и принципите“ на партијата, нарушени откако некои републиканци им подлегнаа на „искушенијата на корупцијата“.

„Ќе ја вратиме довербата на народот со повторно залагање за вредностите кои ги обожуваат Американците“, рече тој. „Партијата на Линколн, Рузвелт и Реган ќе се врати на основите“.

Потоа Мекејн се осврна на нападите врз демократите поради даноците и трошоците, истакнувајќи дека тие ќе се обидат да ги зголемат даноците додека тој би ги одржувал ниски и би ги намалил каде што е можно. Осврнувајќи се на некои специфични детали од политиката, тој вети отворање на нови работни места, подобро образование и намалување на „опасната зависност од странска нафта“ со производство на повеќе енергија дома, вклучувајќи дупчење на нови нафтени извори во близина на брегот. Мекејн вети дека ќе заземе двопариски пристап за решавање на проблемите на нацијата, и истакна:„ Повторно и повторно, работев со членовите на двете партии за да ги решам проблемите кои треба да се решат. На тој начин ќе управувам како претседател. Ќе им ја подадам раката на сите кои ќе ми помогнат повторно да ја придвижиме оваа земја“.

„Имам такво досие и лузни за да го докажам тоа. Барак Обама нема“. Откако зборуваше за петте години што ги мина како воен затвореник во Виетнам и како тоа искуство ја инспирирало неговата љубов кон земјата, тој ги повика Американците да се борат со него за да ја направат подобра. „Станете, станете, станете и борете се. Ништо не е неминовно. Ние сме Американци и ние никогаш н�� се откажуваме. Никогаш не се повлекуваме. Никогаш не се криеме од историјата. Ние создаваме историја“.

Во неговиот говор не се споменуваше многу претседателот Џорџ Буш, јавуваат дописниците, бидејќи Мекејн се обидува да покаже дека тој е свој човек и може расчисти со периодот на Буш.

Сопругата на Мекејн, Синди, ги поздрави семејните вредности на нејзиниот сопруг, јачината на карактерот, воената служба и лидерството. „Ако Американците сакаат директен разговор и чиста вистина, тие треба внимателно и од блиску да го погледнат Џон Мекејн...проверен и вистински човек, кој никогаш не се поколебал во неговата посветеност кон нашата земја“, рече таа откако пристигна на сцената во придружба на нивните седум деца. Нејзиниот говор следеше по официјалната номинација на Пејлин на конвенцијата. Таа е прв жена кандидат за потпретседател на Републиканската партија. Пејлин е втората жена, по демократката Жералдин Фераро во 1984 година, што се кандидира за американската потпретседателска позиција.

Речиси едночасовниот говор, што заврши со традиционална прослава со конфети и црвени, бели и сини балони, ја заокружи четиридневната конвенција на партијата. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 272 пати.

Испрати коментар

Од: IGOR
Датум: 06.09.2008 14:17:15
-So boga napred mu posakuvame na Mc.Cain kako kandidat da pobedi na izborite i nie Makedoncite site do eden se nadevam ke glasame za Republikancite.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Арапите во фудбалска акција
Инфлација ли беше или дефлација
Црвенковски
Живот во страв
Македонското срце против шкотската гордост
Сведоците ги потврдуваат трите убиства на Лазе Радевски
Се сеќавате ли на 9 јули?
Државата бара поскапување на струјата за 38 проценти
Битка да се освои Скопје
Левицата и десницата во Франција и во Македонија
Вербатим
Карикатура

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.