Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Скопје

Појадок за 2.000 скопјани на Камениот мост

По повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица, околу 2.000 скопјани на 19 септември ќе учествуваат на манифестацијата „Појадок на мост“, која првпат годинава ја организира Градот Скопје. Појадокот ќе се случува на Камениот мост од 9 до 11 часот, а сите заинтересирани верници ќе мора да го најават присуството заради лимитираниот број на учесници. Пријавувањето ќе се врши на пункт поставен на мостот, или на телефонот 3297-284.

Штандовите со храна и пијалаци ќе бидат поставени на едната страна од мостот, а маси и столчиња за учесниците од другата страна. Појадокот ќе биде обезбеден од донатори, а засега се пријавиле Скопска пиварница, „Тинекс“, „Жито лукс“, „Жито Вардар“ од Велес, „Пелистерка“, „Витаминка“, „Кожувчанка“ и други фирми.

„Градот Скопје во очи на празникот кога се слави името на Мајката божја, заштитничка на Скопје, сака на овој начин да ги обедини и да ги зближи скопјани. Целта ни е манифестацијата да стане традиционална“, рече градоначалникот Коце Трајановски. (С.Н.)


#
Статијата е прочитана 1513 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 07.09.2010 12:13:11
Talibanci li se na vlast vo Skopje pa da voveduvaat novi verski praznici vo ime na vlasta?
Од: Komentator
Датум: 07.09.2010 13:01:50
More Koce....pa skopjani ima najmalku 800.000 a dorucek samo za 2000 a toa neli e mori Koce diskriminacija .. pa uste da se prijavime na telefon..a toa se vika vo Soluna gros somuna a do Soluna tri somuna ..i toa ti e toa more Koce....!!! Kako i da e na site pravoslavni skopjani so pojadok ili gladni...sreken praznik....!!!
Од: sale
Датум: 07.09.2010 21:09:37
I volkot sit i ovcite na broj, kazuva edna makedonska pogovorka

Најди! во Утрински
Скопје
Атмосферска канализација на „Х. Т. Карпош“
Хаос во Поликлиниката „Јане Сандански“
Автобуски билети за лица над 62 години