Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Лив Тајлер

Старомодна сум - се чувам од лоша репутација

Лив Тајлер открила дека секогаш била внимателна кога се во прашање мажите. Актерката и моделка, позната и по славниот татко Стивен Тајлер од „Аеросмит“, го послушала советот на својата мајка, која поучена од сопственото искуство, и' говорела дека е важно да се внимава на сопствената репутација.

„Неа секогаш ја прогласуваа за групи-девојка, иако таа воопшто не била тоа. Всушност, многу е морална личност, вљубена во музиката. Затоа ме учеше да бидам многу внимателна и да внимавам што правам. Ме советуваше да бидам свесна дека злобните јазици никогаш не мируваат“ - кажала убавата Лив. Таа го послушала советот на мајка си и не давала материјал за озборување. За себе вели дека не е личност склона на забави, туку повеќе сака времето да го минува во мирот на сопствениот дом, а во душата е вистинска романтичарка. „Паѓам на цвеќе и шампанско, а сосема се предавам кога некој ќе ми подготви вечера. Јас сум старомодна девојка. Повеќе сакам да ги трошам парите на уредување на домот отколку на забава - вели Лив.


#
Статијата е прочитана 1383 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Одбила да креира венчаница за кралската невеста
Како се станува поп-бог за шест месеци?
Родителите на Бред Пит ќе ги чуваат шесте внуци
Нека не се мислат оние што сакаат да посвојат дете