Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Забава

Бруно Марс

Како се станува поп-бог за шест месеци?

Му требаше само половина година од тотален анонимус да прерасне во глобален феномен. И сето тоа благодарение на знаењето што сакаат жените

Кога беше мало дете, Бруно Марс настапуваше пред туристите како минијатурен Елвис Присли. Неговите родители водеа музичка вариететска претстава на Хаваи, а тој ќе излезеше на сцената во светкав комбинезон и со перче на челото, извивајќи ја устата и пеејќи ги хитовите на негов начин. Тоа беше неверојатно слатка рутина. Туристите ја „проголтуваа“. Нешто во него му велеше: „Ова е за мене“.

„Навистина не знаев што правев“, признава тој денес. „Дури и не знаев дека претставувам некој друг. Но, знаев дека ги правам луѓето среќни. Знаев дека луѓето добро си поминуваат“.

Дваесет години подоцна, тој се најде таму каде што почна, обидувајќи се да ги направи луѓето среќни, барајќи од нив добро да си поминуваат. Ако слушате радио, го знаете тоа. Во последните шест месеци, овој 25-годишник од Хонолулу е одговорен за неколк�� глобални хитови. Неговиот деби-албум „Doo-Wops и Hooligans“ изби во врвот на табелите во седум земји и го прикажа неговиот лесен микс од рокенрол, соул, поп и РиБ. Неодамна, тој истовремено беше број 1 на британските табели, за албум и сингл, и „ај-тјунс“ и „во етерот“. Ако Кејт и Вилс размислуваат за кралска дисковенчавка, Марс би бил изборот кој би го ангажирале.

Неодамна тој настапи во живо на церемонијата на доделување на престижните награди „Греми“, каде што беше номиниран за седум награди. Единствено, Еминем, со десет номинации, го надмина тоа (искрено, Еминем веќе е потврдена мегаѕвезда. Минатата година ова време, Марс не беше познат).

Иако многу од другите големи, композиторски ѕвезди на денешно време се чувствуваат пријатно само кога работат зад иронија и вешта психодрама - на пример, Леди Гага, Кание Вест и оние што тежнеат да ги имитираат - Марс се издвојува како уникатен едноставно поради тоа што слушателите немаат никакви посебни потреби. Тој е изведувач, кој, исто така, е мултиинструменталист и композитор, брилира на ведри мелодии и едноставни, романтични пораки пренесени на сладок, сестран начин. Пред 45 години, тој би бил еден од неколку стотици. Во 2011 година е единствениот.

„Нема чад, нема огледала. Нема автоматско регулирање, трикови и специјални ефекти“, вели тој за својата музика. „Она што се слуша на снимката е она што се слуша кога пеам во живо. Во ова време, навистина е потребно многу луѓето да ве купат како уметник, но мислам дека пишувањето на сопствените песни и нивното изведување во живо е нешто што сакаат луѓето да го купат. На луѓето им се допаѓа таа умешност“.

Марс тврди дека нема девојка, но неговите текстови личат на извадоци од „Getting with Girls“. Во летниот дует „Nothin' On You“ со американскиот рапер Б.о.Б., Марс и' вели на една девојка дека иако има „убави девојки низ целиот свет“ кои би можел да ги лови, тој не го прави тоа, бидејќи „тие немаат ништо од тебе, бејби“. Во својот деби соло-сингл „Just the Way You Are“, тој и' вели на друга девојка дека не би менувал ништо во врска со неа, „бидејќи ти си прекрасна таква каква што си“. Во „Grenade“ и' вели на трета девојка дека и' е толку верен што би бил подготвен да „фати граната за неа“. Марс, исто така, е заслужен како коавтор на текстот на светскиот хит „F*** You! (Forget You!)“ со Си Ло Гри, можеби само за да докаже дека може да пишува и вознемирувачки љубовни песни. Сите наслови се најдоа во врвот на британската топ-листа.

Марс вели дека отсекогаш бил опкружен од припаднички на спротивниот пол. „Живеев во куќа со четири сестри и мојата мајка“, објаснува тој. „Кога бев мало дете, бев опкружен од жени кои беа танцувачки и пејачки во музичкото шоу на мојот татко. Ги слушав како зборуваат за проблемите што ги имаат со своите момчиња и за тоа дека се вљубени. Имав шест години кога го облекував костимот на Елвис во гардеробата на мојата мајка, а и тие се пресоблекуваа и јас се вљубував во сите нив. Секогаш сум бил вљубен во постари жени“.

Реалноста, сепак, неодамна го стигна Марс. За време на разговорот во просторијата имаше слон... голем, бел, слон во прав, во форма на неговото апсење заради поседување кокаин минатата година. Кога го правевме интервјуто, случајот се' уште не беше завршен и пејачот очекуваше да му биде изречена казна, затоа не беше во можност да дискутира за инцидентот од правни причини. Она што се случи е следново: на 19 септември во 2,40 часот Марс беше уапсен во хотелот „Хард рок“ во Лас Вегас, каде што имаше шоу-програма таа ноќ. Присутен во тоалетот во хотелот, ја известил полицијата дека забележал некој со ќеса со бел прав. Кога полицијата го запрела Марс и му наредила да ги предаде наркотиците што ги има, тој предал ќеса со 2,6 грама кокаин, а подоцна му рекол на еден од полицајците дека „никогаш порано не користел дрога“.

Вистинското име на Марс е Питер Хернандез, исто како и неговиот татко, кој му дал прекар на својот дебел син - Бруно по познатиот американски борач („Марс“ е чисто сценско име). Токму неговиот татко го „запали“ за едноставната, но ефективна, поп моќ на doo-wop и раниот рокенрол од 50-тите години. Хернандез постариот беше пејач од Порторико и перкусионист кој се преселил на Хаваи од Бруклин, каде што се запознал со девојка од Филипини која танцувала хула во една од своите шоу-програми. Тие се венчале и имале шест деца - има и постар брат - и ја формирале својата пејачка и танцувачка кабаре ревија. Дали некогаш се почувствувал налутен или бунтовен, особено како што старее, а да не учествува во шоуто? Се чини изненаден од предлогот.

„Никогаш. Ниту еднаш. Се сеќавам дека бев болен со температура и полудев бидејќи мајка ми не ми дозволуваше да настапам. Се сеќавам дека бев топол, вриев во постелата и плачев, бидејќи не ми дозволуваше да излезам на сцената. Го имав тоа чувство. Тоа е се' што сакам да го работам“.

Марс вели дека жителите на Хаваи се со тенденција да бидат задоволни. „Тоа е островски живот. Не се потребни многу пари за да се помине таму. Сакате да се забавувате, одите на плажа. Сите изгледаат толку среќни, што и да прават“, вели тој. Она што не можете да го направите на Хаваи е да станете познат. Семејното шоу прекинало кога се разделиле неговите родители. Некое време, како тинејџер, Марс имал настапи како пејач на отворањето на едно магично шоу, обидувајќи да извлече аплауз од публиката составена главно од јапонски туристи. Тоа воопшто не било забавно. На 18-годишна возраст решил дека мора да се пресели во Лос Анџелес, за да се обиде да направи кариера од музиката.

Потпишал договор со „Универзал мотаун“, почнал да снима материјал пред компанијата да реши дека работите не се одвиваат како што очекувале, и да му откаже соработка. Тоа за него било „трауматизирачки“. Тоа што бил Хаваец што се обидува да успее во Л.А. повеќе го доживеал како културен шок. „Беше поразително. Се чувствував осамено. Исплашено. Секој го има тој енергичен менталитет“. Единственото добро нешто било што луѓето почнале да забележуваат дека тој има слух за лесни, упорни тонови. Марс формирал композиторски тим со двајца пријатели - Филип Лоренс и Ари Левин и тие настапуваат како „The Smeezingtons“, продавајќи ги нивните песни на други уметници, а во исто време го планирал вториот обид во неговата соло-кариера. Во тој период, Марс и некои пријатели формирале бар бенд „Sex Panther“ за да заработат дополнително. „Се работеше за четири часа пеење за сто долари, но таму се учеше многу. На пример, како да натерате седум луѓе да танцуваат? Седум луѓе кои не ги познавате и кои и не дошле да танцуваат? Тоа ве одржува, бидејќи константно сакате да ги забавувате, да ги направите среќни“.

И токму така се враќаме назад кај забавувањето на луѓето, желбата да се направат среќни. На една свирка во Лондон минатиот месец Марс го употребил секој трик што го знаел: соло-настапи со тапани, пеење со публиката, миксање, шеги. Тој веројатно би извртел чинија при настапот со гитара доколку смета дека ќе успее тоа. Не беше кул, но и не треба да биде - Марс е број 1 на табелите за албуми и синглови. Па, сепак, чудно е што и покрај неговиот инстинкт за задоволување на публиката, тој вели дека би го преферирал тоа, ако луѓето не би биле толку возбудени поради него. Тој вели дека се' уште е млад, се' уште „учи за музиката“ и дека ова е „само почеток“. Додава дека сака луѓето „да патуваат“ со него, и дека она низ што поминуваме сега е само почеток на „сериозен пат“.


#
Статијата е прочитана 644 пати.

Испрати коментар

Од: zulum
Датум: 24.02.2011 01:30:18
Mi se dopagja tekstov, imate opfateno skoro se od negoviot zivot i negovata kariera, no malku ne se slozuvam so naslovot. Go poznavam Peter licno, rabotevme vo isto studio na Hawaii. Mu trebase 20 god, da stane pop-bog, ne 6 meseci, da ne se lazat mladite lugje deka se stanuva svezda preku noc. Jadnicok, se ubi od rabota, uste od mal e na scena po Havajskite hoteli za mali pari, gi imitirase Elvis, Michael Jackson, pisuvase pesni, navistina se trudese i ucese za ovoj biznis. Se slozuvam deka mainland mu bese otskocna daska, no toj otide podgotven tamu. Toj e mnogu talentiran mlad covek koj sto raboti naporno i mnogu mi e drago sto uspea tolku.

Најди! во Утрински
Забава
Одбила да креира венчаница за кралската невеста
Родителите на Бред Пит ќе ги чуваат шесте внуци
Нека не се мислат оние што сакаат да посвојат дете
Старомодна сум - се чувам од лоша репутација