Бранџелина
Родителите на Бред Пит ќе ги чуваат шесте внуци
За да им помогнат на својот син и на неговата партнерка Анџелина Џоли во воспитувањето на многубројните деца, родителите на Бред Пит ќе се доселат кај нив. Бил и Џејн Пит ќе живеат во Шато Миравал, Франција, со синот и снаата, но и со шестемина внуци, некои биолошки, а некои посвоени.
„Целото семејство ќе се пресели таму откако ќе биде завршено реновирањето. Анџелина и Бред моментално имаат вработено шест дадилки, по една за секое дете, но планираат да се откажат од нив и да се потпрат на воспитувањето на Бил и Џејн. Родителите на Бред ќе живеат во зграда, која некогаш била гулабарник, но која е доволно голема за во неа да се направи дневна соба, кујна и неколку спални соби. Тоа ќе биде слатка куќичка за нив“, му раскажал неименуван извор на британскиот „Сан“. Истиот извор додал дека за овој потег Анџелина и Бред се решиле зашто не сакаат веќе децата да ги влечкаат со себе низ светот. „Бред е традиционален и сака да пушти корени, децата да најдат пријатели и постојано да одат во исто училиште, а не да се селат“, резимира изворот“. |