Бегал од „алфите“ и истурил ќесе со дрога
Петнаесетдневен притвор му е одреден на В.С. (29) од Скопје, затоа што се занимавал со продажба на марихуана. Пред неколку дена во населбата Јане Сандански, полициските „алфи“ се обиделе да запрат мотоцикл „скутер“ без ознаки, но возачот бегајќи од нив, истурил една ќеса со марихуана. Тој успеал да побегне, но за кусо време полицајците утврдиле дека „скутерот“ го возел В.С., по што следувал претрес во неговиот дом каде што биле откриени 1,8 килограми марихуана. (Г.А.) |