Крадел синџирчиња од врат и бегал со велосипед
Кумановецот В.Д. (31) е уапсен затоа што на велосипед од зад грб им приоѓал на жени и од врат им ги тргал и крадел златните синџирчиња. Според МВР, В.Д. извршил две кражби и тоа во Градскиот трговски центар и пред зградата на Црвен крст. Вредноста на двете украдени синџирчиња се проценува на 35.000 денари.
Освен В.Д., скопската полиција уапси уште еден крадец. Скопјанецот Д.Р. е осомничен дека извршил тешки кражби. Фатен бил во средата кога на булеварот „Гоце Делчев“ се обидувал да провали во „голф“. Истрагата утврдила дека претходно од две возила украл радија и ЦД-плеери. (Г.А.) |