Расте трговијата со луѓе во Европа
Секоја година во светот има од 800 илјади до 2,4 милиони жртви на трговија со луѓе со цел нивно сексуално искористување, принудна работа или за одземање органи. Годишната заработка од трговијата со луѓе изнесува околу 27 милиони евра, проценуваат меѓународните организации за труд, кои укажуваат дека расте трговијата со луѓе во Европа.
На годишно ниво има од 100 илјади до 200 илјади жртви на трговија со луѓе во Европа, главно за сексуална експлоатација. Последните неколку години, таквиот вид трговија со луѓе е поместена од Азија во Источна и Југоисточна Европа, која сега е главна област за транзит кон Западна Европа. Другиот пат на трговците со луѓе се движи од Африка и Магреб до Западна Европа. Според податоците за проституција кај малолетниците, бројот на деца жртви на сексуална злоупотреба е во пораст во Франција и во прашање се од шест до 10 илјади деца кои доаѓаат од странство, главно од Романија, Супсахарска Африка и од Магреб. (Макфакс) |