|
|
|
|
|
|
Новинарите не се виновни за платите на рака
Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници вчера реагираше на „бруталната и вулгарна хајка што се води против новинарите по објавувањето на платните списоци на А1“.
„Оркестрираните напади што имаат цел да ја девалвираат целата професија, почиваат на заклучоци дека новинарите се виновни за неплатени даноци и за евентуалниот криминал на работодавците, што ги прави некредибилни во очите на јавноста“, посочуваат од Синдикатот. Оттаму велат дека не спорат оти плаќањето на рака е нелегално, ама дека токму поради тоа еден од приоритетите на Синдикатот ќе биде борбата против ваквата практика, пред се', во интерес на вработените. Незаконското работење го следат и санкционираат органите на власта и треба да реагираат против затајувачите на данок, без исклучок. „Знаејќи во каков клинч се вработените во медиумите стеснети помеѓу потребата за обезбедување на егзистенцијата и условувањето од работодавците, кои веднаш би ги избркале оние што би се обиделе да пријават незаконски услови во кои работат, ССНМ смета дека врв на цинизам е вината да се префрла на новинарите“. |
#
|
Статијата е прочитана 651 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: aleksandar sv.nikole |
Датум: 21.12.2010 15:03:36 |
|
Vaka li vo Evropa??So plakanje na raka i toa na novinari koi bas najveke treba da bidat protiv toa...sega sfakjam zosto borjan jovanovski vecerta koga bese "upadot"na MVr" vo A!:)-se tresese celiot,maftase so racete...pa covekot se tresel zatoa sto nivni pari bile vo prasanje...i sega sto da mislime nie obicnite gragjani za A1,novinarstvoto,kako da gledame vesti,politicki emisii??koj e nezavisen ovde luge bozji??? |
|
|
|
|
|
|
Од: Vistina |
Датум: 22.12.2010 01:37:15 |
|
Novinarite treba da se kopaci po vistinata, a ne lazgovci za svoite dejstvija. So koj obraz ke gi otkrivaat tudjite nedela koga samite sozdavaat nedela i se podcinuvaat na robovladetel? |
|
|
|
|
|
|
|
|