Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Македонија

И ние имаме суперкомпјутер

Првиот македонски суперкомпјутер вчера беше пуштен во употреба во Охрид, а го промовираше министерот за информатичко општество, Иво Ивановски. Станува збор за систем за паралелно процесуирање изработен од студентите и професорите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид, составен од 256 процесорски единици и капацитет на обработка на три илјади милиони пресметки во секунда. „Особено сме задоволни што овој компјутер е изработен токму тука во овој универзитет, за кој очекуваме да стане елитна образовна установа“, истакна Ивановски. Тој појасни дека ресурсите на овој компјутер ќе бидат бесплатно достапни на располагање на сите заинтересирани физички и правни субјекти во земјава.

Благоја Самакоски, ректорот на Универзитетот „Свети Апостол Павле“, рече дека идејата била со евтини делови и компоненти да се создаде моќна сметачка машина, со перформанси резервирани за најсовремени машини. „Нашето основно мото беше концептот да не измислуваме топла вода или тркало, туку да ги правиме оние работи што ги прават и други, но притоа да ги внесуваме нашите креативни способности за развој и иновации“, рече Самакоски. (Д.Р.)


#
Статијата е прочитана 561 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Македонија
Кризата ги замрзна социјалните придонеси
Новинарите не се виновни за платите на рака
Здрава вода за 13 села во Прилепско“.
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks