Број 3462  вторник, 21 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Македонија

Кризата ги замрзна социјалните придонеси

Стапката за пензиско осигурување останува 18 отсто, а за здравствено 7,3 проценти

Јасмина Јовановска


Стапките за социјалните придонеси за 2011 година се замрзнуваат на годинашното ниво. Стапката за пензиско осигурување останува 18 отсто, а за здравствено осигурување 7,3 проценти. Иако Владата реформски планираше поголемо намалување на стапките за социјално осигурување во рок од четири години, се откажа од зацртаната годишна динамика поради економската криза. Се пролонгира и тајмингот за завршување на реформата. Наместо во 2011 година, кога вкупната социјална стапка од почетните 32 отсто колку што беше во 2008 година да биде симната на 22 отсто, оваа реформа на намалување на придонесите се одложува и ќе заврши во 2013 година.

Овие измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, вчера добија виза од парламентот. Според Министерството за финансии, имаат цел стабилизирање на пензискиот и на здравствениот фонд во 2011 година, кои беа погодени од финансиската криза. Од Финансии и натаму со став дека пониските стапки се добра политика за помали трошоци на работодавците, а среднорочно, се очекува натамошно зголемување на стапката на вработеност.

И годинава, фирмите пресметуваат помала стапка на придонеси од владиниот курс повторно поради кризата. Наместо 24,7 отсто, колку што беше првично најавено од Владата, од бруто-платата се одземаат 27 отсто за здравствено и пензиско осигурување, вклучувајќи го и осигурувањето за невработените и за професионално осигурување.

Иако Владата се откажа од првичната динамика на намалување на стапките за социјалните придонеси, се појави дефицит и во здравствениот и во пензискиот фонд. Дупката во здравствената каса се пополнуваше со парите од буџетот, но никогаш не се откри дали дефицитот целосно се покриваше. И во пензиската каса имаше дефицит, но за него никогаш јавно не се проговори. А, очигледно, дека има финансиски проблеми, ако се има предвид дека за исплатата на пензиите на осигурениците секој месец се продаваат државни записи.

За пратениците од опозицијата ова законско решение не е добро, бидејќи нема да го подобри работењето на компаниите и нема да придонесе за вработување на нови кадри. Опозицијата се изјасни против предложеното законско решение, бидејќи смета оти Владата не планира средствата од Буџетот да ги користи за структурни реформи.

„Реформата на бруто-платата да продолжи и да се намалат придонесите, но требаше да направите преструктуирање на буџетот. Требаше да се намалат непродуктивните расходи, бидејќи на тој начин ќе имаше пари за стопанството, а со тоа и за негов развој и за нови вработувања“, рече Маријанчо Николов од СДСМ. Тој додаде дека оваа реформа е најголемото промашување по поделбата на Клиничкиот центар.


#
Статијата е прочитана 402 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Новинарите не се виновни за платите на рака
И ние имаме суперкомпјутер
Здрава вода за 13 села во Прилепско“.
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks