Тијана и Кики снимија дует
Тијана Дапчевиќ, очигледно, и покрај бременоста и одбивањето да дава интервјуа по медиумите, не седи со скрстени раце, туку својот темперамент се' уште активно го пренесува во музиката. Според најновите информации што стигнуваат од Белград, таа снимила дует со Зоран Кики Лесендриќ. Станува збор за песната „Када сањамо“, која беше голем хит на групата „Пилоти“ во 1980-тите години.
Песната би требало да се најде на новиот албум на Тијана, кој е во подготовка и веројатно ќе излезе идната година. |