ЏИМ МОРИСОН
Фотошоп за неговиот 65. роденден
Доколку останел жив, фронтменот на групата „Дорс“, Џим Морисон, во понеделникот би го прославил 65. роденден, а за таа цел научниците успеале да изработат фотошоп и да ја доловат сликата на славниот пејач, каква што би можела да биде денес.
Џим Морисон починал на 3 јули 1971 година кога имал само 27 години. Обдукцијата не можела да ја утврди точната причина за неговата смрт, па и денес не се знае што се случило со Морисон.
Од таа причина се оформиле бројни теории за причините за неговата смрт, меѓу кои се вбројуваат срцевиот удар, астмата и проблемите со дишењето, како и предозираноста од хероин. |