КЕЈТИ ХОЛМС
Повторно бремена?
Секогаш кога сопругата на Том Круз ќе облече поудобна облека, веднаш почнуваат шпекулациите дека е во блажена состојба. Медиумите овој пат се речиси сигурно дека семејството Круз е на чекор да добие нова поднова.
Кејти Холмс, која моментално е ангажирана со претставата „Сите мои синови“, која се игра во Њујорк, ги поттикнала гласиштата дека најверојатно е повторно бремена и оти наскоро би требала да го прошири семејството со уште еден член. Ваквите коментари произлегле од облеката и заоблемниот стомак што се наѕирале под кошулата.
- Кејти сјае и изгледа многу среќно, а со раката често го сокрива стомакот - изјавил извор близок на актерката.
За целата приказна да добие вистина говори и податокот дека Том неодамна изјавил дека со Кејти планираат да го прошират семејството, со што двегодишната Сури би добила брат или сестра. |