Број 2858  среда, 10 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Забава

До крајот на шоуто уште четири недели, Александар пак изгласан од публиката

На 11. гала-вечер на „Операција триумф“ отпадна студентот Никола, а се номинирани Вукашин и Сајко

Ивона Саздовска

По пауза од една недела поради смртта на синот на Марина Туцаковиќ, член на жирито, реалното музичко шоу „Операција триумф“ се врати пред малите екрани.

Одржувањето на единаесеттата гала-вечер помина во знакот на студентите, номинациите, отпаѓањето на еден од кандидатите и, секако, веќе познатиот дел од емисијата, каде што нашиот претставник Александар Белов повторно беше најдобар според гласовите на публиката, па и оваа недела ќе ја дочека мирно во куќата.

Интересен е податокот дека до самиот крај на шоуто остануваат уште четири недели, со што конечно ќе се дознае која ќе биде новата балканска ѕвезда и за кого ова шоу ќе значи вистински чекор напред во музичката кариера.

Во почетокот на емисијата водителите укажаа на недостигот од еден член на жирито, иако во неколку наврати од продукцијата „Емоушн“ појаснија дека до новата гала би требало да се најде замена за Туцаковиќ. Во опција биле пејачката Маја Оџаклиевска и композиторот и музичар Александар Сања Илиќ, но, сепак, третото столче остана празно, при што за номинациите и за коментарите се погрижија останатите двајца членови Тончи Хулиќ и Исмета Крвавац. Притоа, беше посочено дека наскоро работите ќе се средат и дека жирито ќе биде во комплетен состав.

Од номинираните студенти Ана Бебиќ и Никола Пауновиќ, среќата не му се насмеа на „позитивниот“ рокер кој ќе остане запаметен по деветте номинации за отпаѓање и по коментарот на Марина дека никогаш нема да биде ѕвезда.

Сосема природно, по прогласувањето на резултатите, Никола истакна дека по толку обиди, конечно, му дојде редот да го напушти шоуто.

Од другите кандидати, на Александар му припадна честа да ја пее песната „Још ти се надам“ во дует со Емина Јаховиќ, додека како втор ексклузивен гостин на гала-вечерта се појави поранешната пејачка на групата „Магазин“, Јелена Розга.

Најпозитивно изненадување на вечерта беше најконтроверзниот кандидат Даниел Павловиќ, кој одлично ја интерпретираше ��есната „Хипнотизиран“ од Дино Дворник, а исто така пријатно изненади и босанскиот претставник Аднан Бабаиќ, кој ја изведе песната на Тоше Проески „Пратим те“ (По тебе), при што вториот дел го отпеа на македонски јазик, што предизвика позитивни реакции кај публиката.

Од номинираните студенти, директорот на Академијата, Саша Драгиќ, втор пат ја спаси Ана Бебиќ, додека кандидатите се одлучија да ја вратат во игра Сона Бакиќ.

До одржувањето на следната гала-вечер начин за спас ќе треба да бараат Вукашин Браиќ и Никола Сариќ.


Статијата е прочитана 1297 пати.

Испрати коментар

Од: Kumanovec
Датум: 10.12.2008 00:54:11
Bravo sto napisavte dobar tekst za OT i za Aleksandar. Bi trebalo povece da se pisuva za shouto i za nasiot pretstavnik koj na akademijata e bez podrska kakva sto ostanatite ja imaat od nivnite zemji i od nivnite lobisti.Samo Aleksandar pomina niz site Scili i Haribdi sam.Samo toj si znae kako mu bilo i kako mu e,no mu treba povece mediumska podrska od nasata zemja.
Од: pepe
Датум: 10.12.2008 11:35:51
bravo za Aleksandar, ne mu e lesno ,da se dava od site podrska, pisuvajte poveke za nego i dajte go brojot na koj da se glasa, neka se informira za ova poveke na televiziite vo i nadvor od Makedonija, davajte pojasnuvawa kako da se glasa i drugi raboti od znacewe za negov uspeh mu posakuvam da istrae do kraj i mnogu sreka
Од: Kunta Kinte
Датум: 10.12.2008 13:59:53
Souto dobro zamisleno, iako so nekolku idiotdki odnesuvanja na voditelite. Sepak, poveke od jasno e deka favorot na souto, vo senka, pricinite se naziraat , e Daniel, od Srbija, koj e najslab pejac i veke odamna zasluzi da go napusti . No, iako e najdobar, gledam samo minimalni sansi na nasiot Aleksandar, no i bez toa mu predviduvam bleskava kariera. Dosega site so koi nastapuvase, mislam na zvezdite, bea vooduseveni od nego. No, balkanskiot sindrom e prisuten uste od pocetokot, za zal.
Од: maja
Датум: 10.12.2008 22:38:46
Sekoja cest za novinarkata od Utrinski. Za razlika od drugite pisani mediumi, gospogata ili gosposgicata ne znam Sazdovska so dolzna pocit go pokriva sekoe izdanie na operacija triumf so zborovi na falba za nasiot Aleksandar. Pritoa za site koi ne uspeale da ja gledaat Gala vecerta, vo Utrinski moze da go procitaat izvestajot. Premnogu sum zadovolna koga vakvi novinari ima niz mediumite. Edno golemo bravo!

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Аки Рахимовски концертно низ Македонија
Димитров со награда на Радискиот фестивал во Србија
Тијана и Кики снимија дует
Веќе не внимава на тежината
Фотошоп за неговиот 65. роденден
Во шопинг без паричник
Повторно бремена?