|
|
|
|
|
|
Грција ја обвини Македонија пред Хаг
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина – Грција ќе тврди во Хаг дека не таа, туку Македонија ја прекршила Привремената спогодба. Од грчкото Министерство за надворешни работи известуваат дека се подготвени со силни аргументи за почетокот на усниот дел од процесот, со кои ќе се обидат да покажат дека нашата држава постојано ја прекршува Привремената спогодба.
Портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас, на вчерашната средба со новинарите не сакаше да ја коментира наводната изјава на Метју Нимиц при средбата со Здружението на грчки иселеници во Америка, пренесена во грчкиот весник во САД „Етникос кирикс“ од претседателот на Здружението, Адонис Пападопулос, бидејќи не се работи за официјална изјава поткрепена со соодветен документ од канцеларијата на Нимиц.
Сепак, Делавекурас обрна внимание на дел од изјавата каде што се споменува користењето антички симболи, потенцирајќи дека вакви активности не го помагаат ни преговарачкиот процес, но и дека одат контра договореното во Привремената спогодба. Користењето на симболите за Грција е прекршување на Привремената спогодба и, како што истакна Делавекурас, „вакви активности официјално се запишани и забележани“.
На новинарско прашање зошто ако Грција прва сметала дека Македонија ја прекршува Привремената спогодба, не била поднесена тужба во Хаг, Делавекурас само одговори дека сите нивни ставови аналитички ќе бидат образложени за време на усната процедура. Делавекурас потенцираше дека не би сакал да прогнозира дали ќе има промена на грчките ставови и што ќе се случува доколку судот одлучи во корист на Македонија, односно дека навистина имало прекршување на Привремената спогодба и само забележа дека би било најдобро да се почека конечната судска одлука.
Немаше коментар ни на прашањето дали на сегашната влада во одбраната во Хаг ќе и' пречи тоа што и поранешната шефица на дипломатијата, Дора Бакојани, и лидерот на опозициската Нова демократија, Адонис Самарас, во своите изјави за Македонија говорат за грчко вето. Делавекурас истакна дека се работи за едногласна одлука на меѓународна организација и дека аргументите што ќе ги претстават во Хаг зборуваат сами по себе.
Забелешката зошто Грција не изреагирала и прва не поднела тужба во Хаг за прекршување на Привремената спогодба не се спомнува за прв пат. Во неодамнешното интервју за „Утрински“, Александрос Малјас, првиот амбасадор на грчката канцеларија за врски и дел од тинк тенк организацијата ЕЛИАМЕП, истакна дека Грција прва требало да го поведе процесот во Меѓународниот суд на правдата, бидејќи имало големи прекршувања на спогодбата, пред се', како што истакна, од премиерот Никола Груевски.
Усниот процес во Хаг започнува следниот понеделник, 21 март, и ќе трае до 30 март. Двете страни ќе имаат можност усно да ги претстават аргументите и да одговорат на прашањата на судот, а се очекува и дека ќе бидат јавно објавени писмените аргументи на двете страни. |
#
|
Статијата е прочитана 1009 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Марковски |
Датум: 17.03.2011 12:26:49 |
|
Каква невидена ароганција од држава која ги изеде сите пари на државите од ЕУ. Со кое право тие бараат да си го смениме името на државата, па и народот? Срамота. Срамота и за Грција и за меѓународната заедница. |
|
|
|
|
|
|
Од: smoki |
Датум: 17.03.2011 12:55:45 |
|
смешно е тврдењето на Грција за античките симболи. македонија нема никаков официален симбол од антиката, ниту на знаме, ниту во грбот, ниту на монети. Па Албанија на 2-пати издаваше монети со ликот на Александар пред 70-80години
и никој никогаш не реагирал за тоа. А што се однесува до употреба на терминот Македонија, Грција почна 1989, во предвестието на распагањето на СФРЈ, многу подоцна од конституирањето на ФНРЈ и федералната единица Македонија. Но Грција никогаш , па ни сега не му даде федерален статус на регионот Македонија, а во минатите 15 години во Грција почна користење на синото знаме со 16 крако сонце и почна да се преименуваат аеродроми и други објекти и да се поставуваат споменици на Александар ( но не и на Филип - најголем непријател на Елените, читај за Демостен) |
|
|
|
|
|
|
Од: NE BEA GRCI |
Датум: 17.03.2011 15:20:40 |
|
NE BEA GRCI:Vo Myers Enciklopedijata od 1980 vo
8 toma, izrabotena od vidni naucnici, izdadena vo
Bibliografskiot Institut vo Mannheim/Wien/Zürich,
vo tom br. 5, na str. 188, pise POD BUKVATA M -
MAKEDONSKIOT, indogermanski(indoevropski)
jazik na antickite Makedonci, koj e poznat samo po imeto i so 150 zbora i pokraj blizinata so Grcija,( se naglasuva), MAKEDONSKIOT nemoze da da se
smeta kako dijalekt na sosedniot grcki jazik. Moj
komentar: Vo vakvite naucni enciklopedii od 1830
godina navamu, koga e proglasena grckata drzava,
ne e seuste probila grckata propaganda i laga za
antickite Makedonci, koja e mosne zasilena po
sozdavanjeto na nezavisna MAKEDONIJA 1991 i
kon koja se prikluceni i nasi neprosveteni i glupi predavnici.Znaci Grcite go lazat celiot svet. Da zivee Utrinski ako go pecati´, a treba milion pati da se kaze na makedonskata
javnost.
|
|
|
|
|
|
|
|
|