|
|
|
|
|
|
Нулите на Гордана Гешковска ѕидаат кули од грешки!
Шврговски тврди дека пропустот не влијаел битно на текот на истрагата во случајот „Пајажина“
Гордана Дувњак
Државниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски, јавно ја призна утката на обвинителката Гордана Гешковска во пресметувањето на сумата за, наводно, затаен данок во случајот со фирмите од „Перо Наков“, но се обидува да ја релативизира нејзината вина. Расфрлањето со непрецизни бројки од ракав на обвинителката, која своевремено самиот ја смени поради сомневање во нејзината стручност, сега го оквалификува како „техничка грешка“.
Шврговски тврди дека пропустот не влијаел битно на текот на истрагата во случајот „Пајажина“, бидејќи постоело висок степен на основаност на направените кривични дела. Уште почудно е што ни Кривичниот суд не се посомневал во висината на сумата и ја прифатил во целост без задршка и проверка. За експертите, пак, станува збор за катастрофална грешка што фрла темна дамка за капацитетите на Обвинителството, но и за нивната непристрасност.
„Утрински весник“ дознава дека станува збор за поткрадната грешка од, ни помалку ни повеќе, 1,5 милиони евра (90 милиони денари). Приказната потсетува на онаа народната „една нула - една кула“, бидејќи Гешковска додала една нула повеќе кога ги собирала сумите.
„Факт е дека обвинителката Гешковска направила грешка во пресметките, но тоа не влијае битно на самиот тек на постапката, бидејќи сме убедени дека постои висок степен на основаност на кривичните дела, за кои постојат многу докази“, нагласува државниот обвинител во вчерашната изјава за нашиот весник. Тој вели дека е ирелевантно за која сума станува збор затоа што, во крајна линија, точната сума ќе се утврди со вештачењето.
Запрашан околу евентуалната одговорност и консеквенциите во конкретниот случај, тој вели дека сега е преурането да се бара и оти тоа ќе се направи „доколку биде донесена ослободителна пресуда“.
Поранешниот прв човек на Антикорупциска комисија и актуелен фронтмен на „Транспарентност интернешенел - Македонија“, професорката Слаѓана Тасева, е децидна дека станува збор за катастрофална грешка и сериозен пропуст што открива многу работи.
„Просто загрижува неподготвеноста на институциите што се покажува во овој случај, а уште повеќе нивната недоволна координираност. Разочарува и подготвеноста на Обвинителството да се стави во функција на политичка инструментализација“, нагласува Тасева. Таа додава дека оваа институција се' повеќе се претвора во уште едно владино тело за собирање даноци, а не за она што е нивна примарна задача - гонење на сторителите на кривични дела.
Според Тасева, моментно се водат четири паралелни постапки; УЈП прави финален извештај, се води претистражна постапка, истрага и вештачење од експерти, а сите работат врз основа на исти документи.
Државниот јавен обвинител, Љупчо Шврговски, во летото 2008 година лично ги разреши обвинителките Гордана Гешковска и Вилма Русковска, затоа што се сомневаше во нивните стручни капацитети и во нивната поврзаност со МВР. Но, по нивното неколкумесечно отстранување од тогашното Одделение за организиран криминал, Советот за јавни обвинители повторно ги избра, но сега во посебното Обвинителство за организиран криминал.
Во интервју за „Утрински весник“ Шврговски појасни дека смената на обвинителките се случила во време кога Обвинителството функционирало како одделение во рамките на Јавното обвинителство на Македонија и тогаш тој имал овластување да го направи тоа. А, по конституирањето на Советот на јавните обвинители, изборот и разрешувањето на јавните обвинители е во негова исклучива надлежност.
„Јас ги задржав до крај својот дигнитет и достоинство во поглед на мојата одлука за нивна смена, бранејќи си го ставот. Одлуките на Советот како самостоен орган нема да ги коментирам“, рече Шврговски.
Шефот на специјалното обвинителство, Јован Илиевски, во разговорот за нашиот весник од ноември минатата година му даде безрезервна поддршка на целиот свој тим, вклучително и за спомнатите две обвинителки.
„Во Обвинителството за гонење организиран криминал сите обвинители, без исклучок, се високи професионалци и тие ја извршуваат својата работа најдобро што знаат и умеат. Тоа се обвинители со долгогодишно искуство и единствен критериум според кој Советот на јавни обвинители ги реизбра се нивната стручност и професионалност“, подвлече Илиевски.
Во таа пригода Илиевски ја уверуваше јавноста дека во Обвинителство нема селективно постапување. |
#
|
Статијата е прочитана 2346 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 17.03.2011 12:12:40 |
|
Ова тисе вика Македонска (Каша-попара).Сее измешано од политика до Реваншизам,,,,,,,,,,,До кај ќе се стигне еден знае оној од Горе. |
|
|
|
|
|
|
Од: mene |
Датум: 17.03.2011 12:25:12 |
|
epa ubavo edna nula nekoj može decenii zatvorska kazna, a nepismenata obvinitelka izgleda so dodavanje na nuli funkcionira besprekorno kog treba da si go naplati svojot trud. i sega da ne treba da bide unapredena namesto kazneta, pa neka ja stavat na mesto guverner na NB, pa tamu ke ima možnost da si igra so nulite do beskonečnost. SRAMOTA, BRUKA NEVIDENA, ova nikade vo svetot go nema, samo dali samo dotičnata treba da snosi odgovornost ili celoto obvinitelstvo, koe se pokaža kako totalno nesposobno???Nekoj neka se osvesti ne sledi cela svetkska javnost!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Кадавер |
Датум: 17.03.2011 12:33:38 |
|
не е работа на обвинителот да кажува бројки... Бројките ги одредува УЈП, исто и како за сите помали фирми и физички лица кој си плаќаат редовно данок. Тоа што овие од Перо Наков б.б направиле 40 фирми ( по принципот на Али Баба и 40 разбојника) и си играат отвори - затвори фирма и неплакај даноци и Долгови е Срамота за нашето законодавство кое го дозволува тоа. Имаше неодамна и во Хрватска случај за перење на пари во Лихтенштајн ама ги сосекоа во корен; но они имаат УСКОК, антикорупциска и финансова полиција, со големи овластувања и која неможе да ја моткаат адвокати, опозиција или било кој друг.
Кај нас поради слабости во законите за Трговски друштва владее хаос во извршувањето а дојде и до затрупување на судството со обични наплати на долгови, кој се ескивираат со затварање на фирми или вкрстени фиктивни трансакции |
|
|
|
|
|
|
Од: SPIRIDON |
Датум: 17.03.2011 12:58:54 |
|
"Pajažina" si e pajažina.Duune posilen veter,a pa i so obična metla pomini i ojde,nema ja.Treba pajako da se fane,da ne prae nova.Ne e zdravo.A Gordančeto,mislam na voa šo e potaze u politikantstvoto,ne na Goca,mada tuka nekade se,pravnička e,mislam deka i večeren fakultet ima završeno,ama pa praven i tamo ne učat ni viša ni niža matematika,ni dropki ni integrali,pa otkade da gi sobira dadenite i brojki tačno.I šo ako zgreše,pa i Švrgo trebe da ima razbiranje,pa i on e pravnik.Briši piši,prosta matematika de.Pa i na Mijalkovio da mu dadeš i on ke pogreše.Šo bilo pa toa plus minus nekoe milionče.Šom e kučeto besno toa ne igra pa i nekoja uloga..I sea taka i kažale,taka prae.Pa ima pogulemi matematičari od nea,so ekonomski fakultet,nezavisno Prilep,Kembrič,fakultet si e fakultet,dneven,noken,ne e važno.I kaj se sea onija televizijski zvezdi,ne be turskite,tija sa od A1,onija od kanal 5,sitel,a vikat ne se sitel,a?Neli maaa so liščinjata,a?Ai Mihajlo,šo se krie,pa i on ne e matematičar.A? |
|
|
|
|
|
|
Од: od mene od daleku |
Датум: 17.03.2011 13:36:01 |
|
"jas gi zadrzav do kraj mojot dignitet i dostoinstvo.........
rece Svrgovski".
Ocigledno deka g Svrgovski ne znae deka i dvata zbora imaat isto znacenje, odnosno dignnitet "dignity" na angliski znaci dostoinstvo??!! |
|
|
|
|
|
|
Од: velesanka |
Датум: 17.03.2011 14:10:09 |
|
sto da se kaze,sekoj komentar i izlisen koga bi se nasle kolku takvi sudii stasaa so nivnite nenamerni greski do penzija,ke se sfati deka na nekoj mu odgovara tamu da sedat nesoodvetni kadri....ima mnogu kako nejze |
|
|
|
|
|
|
Од: jimmy1b |
Датум: 17.03.2011 14:10:45 |
|
Ha ha ha, lopovi ke gonat kriminalci. |
|
|
|
|
|
|
Од: boro |
Датум: 17.03.2011 14:37:30 |
|
Dajte bre luge sto gi tintrate veke tie aramii od Pero Nakov! te volku, te tolku dolzat, koga i na vrapcite im e jasno deka kradea i kradea i kradea!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: realen |
Датум: 17.03.2011 16:37:08 |
|
Nema opravduvanje za greskite na Geskovska. Zenata e zagubena vo sekoj pogled. Zamislete takva osoba da e lekar i donesuva ili izvrsuva zafati. Koj e zrtvata? |
|
|
|
|
|
|
Од: Dolar |
Датум: 17.03.2011 16:37:18 |
|
Kriminalot vo Makedonija Selektivno se GONI.
Kriminalot na KONARTIS i ZIMEKS e cca15 milioni evra,ima Prijava a MVR na RM ne go goni Goce Zelenkovski. |
|
|
|
|
|
|
Од: Emil |
Датум: 17.03.2011 16:52:30 |
|
Drzte lopova!!!!
Povice lopov. |
|
|
|
|
|
|
Од: verag |
Датум: 17.03.2011 18:41:33 |
|
A што е крива женава, не студирала математика па да може да собира милиони. |
|
|
|
|
|
|
Од: Do Boro |
Датум: 17.03.2011 19:21:07 |
|
Pominaa 3 meseci otkako Grujo goi zatvori Velija, i da ti kazam vo poverenje, do den denesen nema nikakov dokaz za kriminal, da imase kriminal nemase da se pravi ovoj cirkuz od obvinenija. Klasicen primer za politicki progon na neistomislenik. Velija e dovolno pametewn da ne ostavi traga za zataen danok??? Potrebni se dokazi a ne propaganda... |
|
|
|
|
|
|
Од: kole |
Датум: 17.03.2011 20:21:43 |
|
Ovaa li e bre lugje Obvinitelka??????????? Ej Makedonijo, sto doceka................. |
|
|
|
|
|
|
Од: taa |
Датум: 17.03.2011 22:18:10 |
|
sto ocekuvate od obvinitelkata koja ima brat kriminalec izbrkan od policija zaso kradese telefoni zapleneti celo mvr go znae pa posle prodavase vijagra a sega gradi kuki a dolzi na site strani pari toj nekoj da go obraboti obvinitelkata da mu napise obvinenie pa posle neka pisuva za drugi .... |
|
|
|
|
|
|
Од: milka |
Датум: 17.03.2011 23:26:07 |
|
Abe Boro,Boro, a koj ne kradel vo ovaa drzava?Pa deset zatvori malku ni se za site da gi soberat.Kradea i prethodnite a bogami i sega nekoi dobro si go znaat zanaetot.Ama razlikata e sto nekoj odi vo zatvor a nekoi imaat privilegii i im se progleduva na prsti.Ama bez gajle eve si imame mnooogu pismena obvinitelka pa taa site ke gi sredi,ha,ha. |
|
|
|
|
|
|
Од: od ostrijot |
Датум: 18.03.2011 08:31:41 |
|
znaci pete milijoni nemozat dagi lapnat sega sebara
koje vinoven zatoa . |
|
|
|
|
|
|
Од: todor |
Датум: 18.03.2011 08:50:16 |
|
Сирота таа што да прави кога не учела математика. Од каде да знае жената што значи една нула повеќе или помалку. нула си е нула |
|
|
|
|
|
|
|
|