Број 3533  четврток, 17 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

Уште една контра од ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера ја спушти рампата за уште една идеја што дојде од редовите на коалицискиот партнер Демократската унија за интеграција (ДУИ). Влатко Ѓорчев, член на највисокото партиско раководство, во име на партијата, изјави дека не ја прифаќаат идејата на министерот за здравство од ДУИ, Бујар Османи, за еднаков третман на пациенти од Косово, кои доаѓаат да бараат услуги од македонското здравство.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да приф��ти изедначување на граѓаните на Косово со здравствените осигуреници на Република Македонија“, го пренесе Ѓорчев ставот на партијата. ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, смета дека граѓаните на Македонија треба да имаат апсолутен приоритет во нивниот третман во овдешните здравствени установи и болници.

Оваа изјава дојде по најавите дека министерот Османи дал препораки во болниците да дадат ист третман на пациентите кои доаѓаат од Косово со оние од Македонија, односно да ги изедначат цените на услугите или онаму каде што македонските граѓани добиваат бесплатни услуги да важи и за косовските пациенти.

Противењето на ВМРО-ДПМНЕ вчера дојде само неколку часа по уште еден скандалозен политички гест на владејачката партија кон коалицискиот партнер ДУИ. Имено, ВМРО-ДПМНЕ вчера самите го изгласаа во парламентот новиот гувернер на Народната банка, Димитар Богов. Гласањето го бојкотираше ДУИ со образложение дека претседателот Ѓорге Иванов не се консултирал со нив при номинирањето на новиот гувернер. (С.К.)






#
Статијата е прочитана 859 пати.

Испрати коментар

Од: susam
Датум: 17.03.2011 13:19:16
ima li nekoj pameten da mu kaze na ova vmrovcite deka: TIE SE VLADA. DEKA I DUI E VLADA. NE SE OPOZICIJA. ALO NEPISMENI. ili mozebi ima dve vladi, i plus edna na SDSM koja, neli im preci celo vreme. jada i beda od nepismeniite i nesposobnite vmrovcinja.
Од: Трпе
Датум: 17.03.2011 16:02:11
Резултатите од способноста на владеење на дпмнеовската власт излегуват на виделина.Тоа што го обеќат некому,не сакат да го остварат.Тие мислат дека сите спијат.Дадениот збор за нив не е збор,тоа е само празно ветување.Но и на мало дете ако нешто му се вети мора да му се исполни.Со лага,ага не се бидува.Прво треба трипати да се мери па после да се сече.А тие веднаш сечат без да размислат какви катастрофални грешки прават.
Од: Dupli ceni
Датум: 18.03.2011 10:12:12
So ovaj "jurisnik" na VMRO-to vo mnogu raboti ne se slozuvam, no ovede e sosema vo pravo/ Ne mozat stranski drzavjani da se izednacuvaat vo pravata na zdravstvena zastita so nesite osigurenici , koi izdvojuvaat za zdravstvo i go izgradija ova , kakvo takvo zdravstvo. Toj predlog na Osmani e providen i subjekiven. Nema nitu edna zemja kade domasnite i stranskite pacienti placaat ednakvo. Jas imav potreba od zdrav. usluga vo Hrvatska i plativ trostruka cena vo odnos na cenite za hrvatskite neosigurani pacienti.Plus naseto zdravstvo i onka kuburi so kadar i oprema pa so meseci se ceka da se dojde na red za odredeni pregledi i sega uste ako gi prifatime i kosovarite , ce stane kasa -popara. Za kosovarite treba da vazat dupli ceni , pa bujrum.

Најди! во Утрински
Политика
Изборот на Кондарко во рацете на ДУИ
Политиката не треба да биде печалба
Го допре ли дното слободното новинарство
ВМРО-ДПМНЕ и рејтингот
Нулите на Гешковска ѕидаат кули од грешки!
Тачи се смирил со Тачи
Големо признание за македонскиот генерал
Грција ја обвини Македонија пред Хаг

"""