Број 3533  четврток, 17 март 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Политика

ВМРО-ДПМНЕ и рејтингот: допир на недопирливите

Колапсот на популарноста на владејачката партија се случи во 2009

Соња Крамарска

Да падне една политичка партија од популарност што и' дава двократна и трикратна предност пред ривалот на рејтинг што отсликува драстично намалена разлика во процентот на поддршка, е сензација што деновиве и' се случува на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Институтот за политички истражувања грубо ја врати ВМРО-ДПМНЕ во реалноста, објавувајќи дека има поддршка од 23,5 отсто од граѓаните наспроти опозициската СДСМ, чија популарност е 13 отсто. Или накусо, разликата е 10 проценти, што најкратко кажано, значи дека владејачката партија - паѓа.

Ист резултат даде и анкетата на „Дневник“, различни бројки, но идентичен сооднос - 25,1 на ВМРО-ДПМНЕ и 15,2 за СДСМ. Всушност, овде може да се говори и за симболичен, но индикативен дополнителен пад на популарноста на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи на претходното истражување разликата е 10,5 проценти, а на овдешното изнесува 9,9 проценти.

Зошто паѓа ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер и премиер Никола Груевски, повеќе како никој досега се раководи од јавното расположение и дава огромни суми пари од буџетот за да задоволни различни групи граѓани: невработени што на големо ги вработува во администрацијата, земјоделци, студенти, ученици, чии родители треба да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Дали по близу петгодишно владеење заврши ерата на „пари за глас“ и македонските избирачи влегоа во критична фаза на соочување со реалните (не)успеси на Владата.

Аналитичарите посочуваат дека има шест фактори што му пресудија на Груевски и неговата политика „пари за глас“. Тоа се нерешавањето на спорот со името што ги одврати странските инвеститори од Македонија, постојаниот пораст на цените на мало, но и на енергијата, зголемувањето на меѓуетничките тензии, демонизирањето на политичкиот противник СДСМ, ограничување на медиумските слободи и заострувањето на реториката кон Брисел од Вашингтон од страна на истакнати личности од десницата.

Но, иако најголемиот дел од случувањата во тие области кулминираа на крајот на минатата и во почетокот на оваа година, популарноста на ВМРО-ДПМНЕ почнала да паѓа незабележано уште во 2009 година. Всушност, тогаш дојде до драматичното намалување на соодносот меѓу рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во јануари 2009 година Интернационалниот републикански институт (ИРИ) објави фантастична предност на ВМРО-ДПМНЕ над СДСМ во сооднос 38 со 9 проценти - рејтинг што и' овозможи на владејачката партија да триумфира во март истата година на претседателските и на локалните избори. Оттогаш, колата тргна надолу.

Во октомври 2009 година ИРИ спроведе анкета во која за првпат е забележан рапиден пад на владејачката партија, или 32 наспроти 11 проценти за СДСМ. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ молскавично реагираше со сугестии до некои провладини медиуми („Нова Македонија“) дека им пораснал рејтингот во однос на јуни, а, всушност, тоа е годината на најголем пад на популарноста на владејачката партија.

Дали владината локомотива се измори од двата изборни циклуса - вонредните избори во 2008 и претседателските и локалните избори во 2009 година. Или постизборниот период ја намали мотивацијата на Груевски да кокетира со избирачите навикнати на постојани финансиски трансфузии од Владата во Скопје.

Правејќи го сценариото за вчерашниот самит на врвот, премиерот Никола Груевски вели дека на своите соработници им рекол дека средбата меѓу него и Бранко Црвенковски има тактичка заднина. Пред да излезат двајцата на предвремени избори, Груевски сакал да види со каква енергија располага неговиот ривал, кој за разлика од премиерот, зад себе има преживеано многу изборни победи и порази и дали се реални заканите дека ќе го испрати во опозиција.

Груевски пред себе на маса распослал мапа на која непријателите - СДСМ, неколку медиуми и одредени амбасадорски фигури биле одбележани со црвени маркери, а коалициските партнери и пријателските медиуми ги одбележил со зелен маркер. Така барем гласи анегдотата, која вели дека на премиерот му се брза да оди уште на едни вонредни избори додека остварува предност над ривалската СДСМ. Дали тоа ќе биде крајот на една убава фатаморгана што им се прикажа на македонските граѓани среде сиромаштијата и безнадежноста.


#
Статијата е прочитана 1642 пати.

Испрати коментар

Од: makedonec
Датум: 17.03.2011 12:15:25
Abe si ostanavte komunjarski ( sdsmovski ) vesnik a ti s.kramarska komunjarska ( sdsmovska da ne recham brankova ) novinarka ama badijala vi e VMRO DPMNE so Gruevski ke pobedi pak pa makar i so 53 ili 55 pratenici i pak ke praviv vlada a posle vas ke ve vidam sho ke pishuvate i dali pak ke go falite braneta
Од: Perica
Датум: 17.03.2011 13:16:28
Mi se dopadna anegdotata. sekoja Cest!
Од: gimi
Датум: 17.03.2011 13:36:56
Нормално е кај партија што е на власт 5 години да дојде до намалување на рејтингот.Мегутоа и сегашниот однос на двете најголеми партии од 25,1 на ВМРО-ДПМНЕ и 15,2 за СДСМ и дава голема предност на владеачката партија.Помножете ги овие бројки со бројот 2 и ќе го добиете бројот на пратеници што ќе ги освојат двете најголеми партии од македонскиот блок(бројот на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е околу 80- 63 + 18).Во последната анкета на Дневник рејтингот на СДСМ е во опагање како резултат на потезите што ги прави БЦ со бојкотот и неговиот страв да излези на избори,така да до денот на изборите може да дојде до зголемување на раликата мегу двете партии во корист на владеачката.
Од: Трпе
Датум: 17.03.2011 15:46:31
Чудно како може да паќа рејтингот на владата која е најголемо градежно и уметничко претпријатие истовремено и најголем работодавец во администрацијата.Но сигурно македонскиот народ се буди и сваќа дека ова влада го продолжува ова што го започна Љубчо кога беше на власт ,да ја подели земјата на два дела.Со толку голема земја кој може да раководи,тоа е многу тешко.Тие се чудат како градоначалници на метрополи од неколку милиони жители можат да се справат со голем број на проблеми.Градоначалникот на Истамбул во една прилика има кажано дека македонија може да ја направи успешна земја сам без никакви министерства,работејки само за викендите.
Од: Физичар
Датум: 17.03.2011 16:21:27
Според енергијата на СДСМ таа повеќе личи на атомските централи во Јапонија.Лидерот на партијата како реактор ке предизвика реакција во која целото членство ке биде озрачено, спасот е во неговото деактивирање, ова е чудна паралела но вистинита.Резултатите ќе бидат видливи наскоро, нивните реакција како најголемата опозициска партија и нивното однесување за жал тоа ќе ги засегне сите граѓани на нашата земја, последиците се страотни.
Од: jean luc picard
Датум: 17.03.2011 16:44:51
колку и да ми е тешко да прифатам, факт е дека додека е БЦ на чело на СДСМ, они ќе си останат во опозиција, па незнам што да направат. едноставно народот не го сака, и нема да му ги прости многуте криминали и злоупотреби што ги има направено против народот и општествената сопственост. на СДСМ му треба некој нов, пред се искрен и харизматичен водач за да излезе од ќорсокакот.
Од: bitola
Датум: 17.03.2011 17:21:26
Makedonec toj film ne igra poke ima da izgubite ko nikogas dosega ti teknuva na 2002 poloso ke ve snajdi
Од: ФЕЛИКС
Датум: 17.03.2011 18:49:51
Не ви чини математиката,еве пример 12% напрема 18% и тоа анкета по воља на опозицијата.Тоа е разлика од од 50% а не од 6%.Значи половина од 12 е 6.Предходните соодноси беа 100% до 200% па затоа СДСМ има 19 пратеника а ВМРО 56,сооднос 1:3

Најди! во Утрински
Политика
Изборот на Кондарко во рацете на ДУИ
Политиката не треба да биде печалба
Го допре ли дното слободното новинарство
Нулите на Гешковска ѕидаат кули од грешки!
Уште една контра од ВМРО-ДПМНЕ до ДУИ
Тачи се смирил со Тачи
Големо признание за македонскиот генерал
Грција ја обвини Македонија пред Хаг

"""