Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Пропадна и вториот обид за тестирање во Mедицинско

Повеќе од стотина родители и ученици Албанци протестираа стоејќи на скалите на „Панче Караѓозов“

Жаклина Хаџи-Зафирова

По втор пат вчера пропадна обидот за квалификационо тестирање на учениците Албанци во средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“. Повеќе од стотина родители и ученици Албанци протестираа стоејќи наредени на скалите од „медицинското“ училиште, со што се спротивставија на обидот да се оствари тестирањето за да можат да се рангираат учениците за упис во медицинските струки. Од Министерството за образование и наука вчера порачаа дека ќе нема отстапки од конкурсот. Поради ова, родителите порачаа дека повторно ќе протестираат в понеделник, ако викендов нема конкретно решение.

Родителите се повикуваа на Законот за задолжително средно образование, односно дека им дозволува децата да се запишат таму каде што сакаат. Тие тврдат дека министерот за образование Перо Стојановски им ветил осум паралелки во „медицинско“.

„Законот ни дозволува овие деца да влезат во ова училиште без никаков тест, бидејќи бројот не го надминува составот на осум паралелки што ни беше понудено од Министерството, иако сега сите демантираат“, изјави вчера родителот Енвер Мифтари, кој додаде дека за случајот ги информирале сите странски амбасади, како и шефот на државава и премиерот. Родителите сметаат дека сите 260 деца, кои се со сите петки, имаат право без тестирање да влезат во осумте ветени паралелки во медицинското училиште.

Протестот се растури откако кај насобраните лица се појавија двајца пратеници од ДУИ, меѓу кои и Сафет Незири, кој им пренел дека учениците, сепак, треба да поминат низ квалификационо тестирање.

„Родителите не дозволуваат учениците да полагаат. Тоа значи дека и во второто пријавување од првиот уписен рок не се запишани ученици“, изјави вчера раководителот за основно и средно образование, Љупчо Спасовски. Тој повтори дека во медицинското училиште ќе има пет паралелки, како што е предвидено во конкурсот. Спасовски најави дека ќе бидат запишани 170 ученици, а не 260 како што се бара. „Ќе ги запишеме учениците бидејќи Законот дозволува дополнителни критериуми, а какви ќе видиме во Министерството“, изјави тој, додавајќи дека не прават дискриминација. Според него, некои деца утрото се обиделе да полагаат, но, биле спречени од нивните родители, за кои изрази жале��е, бидејќи некои од нив биле наставници.

Од Министерството вчера испратија соопштение во кое нагласија дека остануваат на ставот дека нема да се зголеми бројот на паралелки во „Панче Караѓозов“. Според нив, во ова училиште се' уште има 170 слободни места за настава на албански јазик.

„Министерството нема да дозволи 170 ученици, да бидат над Законот и Уставот, во кој изрично стои дека сите граѓани се еднакви, во однос на 21.575 ученици, кои се пријавија и запишаа во прва година во првиот уписен рок“, се вели во соопштението на МОН. Министерството појаснува дека квалификационо тестирање има во сите училишта каде што бројот на ученици со еднаков успех е поголем од бројот на слободните места.

Од Нова демократија вчера ја критикуваа работата на заменик- министерката за образование, Линдита Ќазими, која, според нив, треба да се залага да се задржи непроменет бројот од осум паралелки на албански јазик, колку што имало лани.


Статијата е прочитана 440 пати.

Испрати коментар

Од: Profesor
Датум: 04.07.2009 08:07:02
Ova e samo dokaz deka roditelite na ovie ucenici ne se sigurni deka decata ke im go pominat testiranjeto sto pak proizleguva od petkomanijata vo osnovnite ucilista. Kako sto imase ovaa godina pritisoci za ocenki od strana na roditeli, nemalo do sega. Krajno vreme e da se prevzeme nesto vo obrazovanieto. MOZEBI SEMINARI ZA RODITELI KOJ SE ZARAZENI SO VIRUSOT "PETKOMANIJA"
Од: dacio
Датум: 04.07.2009 10:35:12
Abe lujge se ova sto se slucuva e po greska na nasiot slaven premier koj po greska stana premier, i kako i site odluki na vladata ( premierot ) oti bozem imame vlada :) Dosega od koga se na vlast nisto arno nemaat doneseno se e pogresno i samo strajkovi i itn.Samo tie ne se krivi nego nie narodot sto izleguva na glasanje pozdrav.
Од: Komentator
Датум: 04.07.2009 21:47:04
Gospoda Albanci..zosto se plasite od testiranjata..samo neuk se plasi od toa..a vasite petki verojatno se zasluzni i jaki ...I jas nekogas sakav da bidam "kapetan lage" ama moite petki nekako ne znaeva da plivaat pa taa ideja sosema odpadna ...PS do koga ke mora ovaa drzava da vi gi zadovoluva apetitite..predlagam ete da se primat samo ucenici cii roditeli se sto godini gragani na Makedonija a malo more dojdenci od Kosovo na skolo vo rodno mesto .So sto doprinesovte da vi se zadovolat megalomanskite zelbi ..a zavod za statistika neka dade uverlivi dokazi kolku danoci plakate .za da drzavata moze da vi udovoli...???
Од: kole
Датум: 05.07.2009 08:39:23
Ovie ucenici se za upis vo Amerika, Harward i Yale kako i Berkly gi ocekuvaat iako se so vestacki nadueni ocenki...
Од: profesor
Датум: 05.07.2009 13:25:18
Dali nekoj gi gleda reklamite na Vladata koi sekoj den ni gi vadaat ocite na site tv-mediumi za obrazovanie deka "znaenjeto e sila " "silata e znaenjeto" so pari i na istite roditeli koi "ne protestiraat" ,ne baraat novi paralelki ,ne molat nikogo i nikoj ne im smeta.Samo si go ispolnuvaat zakonot koj gi zadolzuva da se zapisaat tamo kade imaat afiniteti i osumgodisen uspeh,vo srednoto obrazovanie spored ustavot na RM.Istata vlada nosi zakon za sredno obrazovanie istata ne go sproveduva Apsurd. Kako moze minister da veti edni paralelki "na masa a drugite da ne doznaat opozicijata "Branko"pod masa "Kade gledate ne realni ili neskromni ili kako Sitel najavi "Silegjisko baranje"na albancite od Vladata.Ne se plasime od takanarecenoto testiranje neka se privatat ucenicite vo osum paralelki (stav Na Ministerstvoto -pod masa) i ke vlezaat da polagaat kako i vo bitola za 34 mesta polagale 35 ucenici i nie go barame istoto za 262 mesta da polagaat isto tolku ucenici ,

Најди! во Утрински
На прво место
Премиерот експресно најде замена за Боцевски
Прашање за милион долари
Опозицијата се подели околу Владата