Број 3027  сабота, 04 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Прашање за милион долари: каде е Боцевски?

Отсуството на Боцевски поттикна многу шпекулации

Соња Крамарска

Вицепремиерската оставка деновиве не престанува да ја бранува јавноста а сите лицитации се насочени кон прашањето „од милион долари“ - каде се наоѓа ексвицепремиерот Ивица Боцевски. Откако Владата ја објави неговата демисија од местото заменик на премиерот Никола Груевски, не престануваат шпекулациите за причините за неговото очигледно отсуство од јавната сцена. Најчестата дилема е дали на Боцевски му е извршена класична политичка егзекуција или, пак, самиот замина од функцијата. Најважното прашање е каде е тој сега и кога ќе се појави во јавноста за да ги каже причините за неговото повлекување?

Случајот на Боцевски е без преседан во македонската политичка историја на давање на оставки на високи државни функционери. Никој досега нема поднесено оставка во време кога не е во државата и особено без лично да даде отчет пред јавноста за причините за оставката. Агилниот Ивица Боцевски повеќе од еден месец не оставил трага ниту на неговиот профил на „Фејсбук“ каде се' уште стои честитката од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска: „Среќен роденден заменик претседателе на Владата на Република Македонија“.

Неизвесно е дали министерката Јанкуловска која се смета за дел од кликата на Груевски ќе ја продолжи срдечната комуникација со својот поранешен колега вицепремиер. Малкумина овие денови можат да се пофалат дека оствариле било каква комуникација со исчезнатиот вицепремиер. Сепак, се дознава дека тој со сопругата и ќерката е на подолг престој во Америка од каде од безбедна далечина следел се' што се случува со неговата оставка. Боцевски ги држел во длабока конспирација неговите вистински причини за оставката и не давал детали кога ќе се врати во земјава.

Она што предизвикува најмногу дискусии во политичките кругови е - како се случи лојалистот Боцевски да го напушти Груевски за кого постојано истакнувал дека има висока доверба во него. И клучното прашање е што се случи преку ноќ за толку да се сменат работите откако Боцевски, неодамна, по повод враќањето на Бранко Црвенковски во СДСМ рекол: „Штом Црвенковски се врати во СДСМ јас уште сто години ќе бидам вицепремиер“. Алузијата на Боцевски била дека СДСМ нема да успее со Црвенковски со што ќе се овозможи непрекинато владеење на ВМРО-ДПМНЕ и нему како најблизок соработник на Груевски.

По неколкуте изјави што дојдоа од Илија Димовски ��д владејачката ВМРО-ДПМНЕ и портпаролот Александар Бичиклиски во кои тие апелираат „да се има разбирање за личните причини за оставката“ или „за судбината на луѓето“, произлегува дека ниту таму немаат сите одговор на прашањето- зошто Боцевски им побегнал.

Боцевски, во досегашните настапи како вицепремиер со ниту една изјава или барем навестување не го има оспорено владиниот концепт на водење политика ниту на домашен план а ниту во областа на евроинтеграциите. Познати се неговите изјави од онаа за наводниот терористички напад врз Владата па се' до одбраната на двокатните автобуси или црквата на плоштадот во Скопје во кои не може ниту меѓу редови да се прочита дека тој имал несогласувања со владината политика.

Оставката на хрватскиот премиер Иво Санадер предизвика политички земјотрес во Хрватска и во регионот, а медиумите не престануваат да го прозиваат да излезе и на јавноста да ги соопшти точните причини за неговото заминување. Под медиумскиот притисок Санадер веќе почнува да се отвора и секој ден кажува по нешто што води кон разоткривање на причините за неговото повлекување од премиерската и лидерската функција.

Овде во Македонија се' чини работите ќе застанат со изборот на нов вицепремиер за европски интеграции а јавноста и медиумите брзо ќе заборават на епизодата со Ивица Боцевски. Но, согласно со високата функција што ја вршеше тој е должен да покаже посериозен однос при таквиот чин кој е сепак негово право, но право е на граѓаните да знаат зошто вториот човек на Владата замина. Боцевски сакаше да се портретира во јавноста како промотор и заговарач на западните вредности во политиката. Таму оставките се политички чин чии процедури се еднакво важни како и при стапувањето на функциите.


Статијата е прочитана 3647 пати.

Испрати коментар

Од: Smesko
Датум: 04.07.2009 00:02:45
Vo Washington, DC. Moze Sonja da mi plati na transkaciona vo Komercijalna?
Од: Itar Pejo
Датум: 04.07.2009 00:07:43
Dali covekov e voopsto ziv? Da ne se udavil nekade vo nekoja kofa so voda?
Од: Ранко од Пуздерци
Датум: 04.07.2009 00:37:48
Е, де, е.де, што запнавте толку? Еден генијален ТРЧИЛАЖ помалку и ништо повеќе. Следат другите.... Само нема да се смееме ќе плачеме!
Од: Intelektualec
Датум: 04.07.2009 00:45:31
A be novinari od utrinski, napisite vi se nitu da se citat, nitu da se raskazuvat??? Koja bese poentata???
Од: Vistina
Датум: 04.07.2009 01:46:10
A da go prasame Bocevski do kaj e istragata za navodniot teroristicki napad na vladata ? mozebi sega ke priznae koj ja raketirase vladata toa leto i kakva konstrukcija ispaniraa vo toj period !!!!!!!!!!!!!!!. Ja mislam sepak treba nekoj da odgovara za toj nastan. Da go prasame Bocevski koj go izbrifira za sluckata, mozebi ke otkrieme koj ja naracal i naravno koj se ludjeto potocno koja sluzba go stori toa. ili sto mislite da pocekame, koga ke padne ova fasisticka vlada pa toga mislam sami ke se javat tie sto gi ispukaa granatite (naravno moze da im se veti imunitet za smetka da go isporacaat naracatelot so dokazi sekako). Pozdrva do site demokrati .
Од: Stojan
Датум: 04.07.2009 06:17:44
Ve maci izgleda deka neznaete kade e Bocevski i samo spekulirate so gluposti! Bocevski nema pobegnato, Bocevski zaedno so Gruevski samite go dogovorija ovej poteg! A zosto? toa doprvo ke se vidi i site ke ve zacudi!
Од: Cistacot Bocevski hahaaaaa - Ej, Ivica ja ponese li i metlata vo Amerika - moze i tamu ke trebas da procistis
Датум: 04.07.2009 06:55:18
So sigurnost tvrdam deka Bocevski e vo Amerika a toa go tvrdam zatoa sto sme komsii. Za odnosot na Bocevski i za toa kakov covek e toj vsusnost se pokaza prviot den koga od "golem" SDSMOVEC se pretopi vo "golem" VMROVEC pa koga vleze vo Vladata i stana "nekoj" a vsusnost NIKOJ, covekot si zamisi deka e Bog pa tolku visoko letna se zanese i mislese deka kako sto e on nikoj ne e. A kolku bil i "golem" Makedonec ete se pokaza sega. Si ja duvna vo Amerika bez oko da mu trepne za Makedonija, isto kako Ljubco sto ja duvna za Bugarija ama barem Ljubco dostoinstveno go napravi toa a ovoj KUKAVICKI - IZBEGA. Se nafatiral covekot i zosto da ne bega. Ako ostane tuka Grujo vo lisici ke go vlece. A na Crvenkovski Bocevski NEMOZE ni konduri da mu cisti. Toj moze da mu bide CISTAC na Grujo i ete mu bese dok mu CISTESE pa sega metlata ja frli i mu ja duvna za Amerika. Dostoinstvoto na Bocevski NE VREDI ni kolku edna metla. Neka mu e na zdravje SISANJETO od Gruevski - ZA PODOBRO I NE ZASLUZIL - PARAZIT
Од: mitko za milionite dolari
Датум: 04.07.2009 08:18:23
Prasanje od milion dolari? Da ne e toa prasanje od desetina denari? Na ova Jay Leno (i nego go snema) bi odgovoril deka e pointeresno prasanjeto: Who let the dogs out? (Koj gi pusti kucijata da izlezat?)
Од: Marioneta
Датум: 04.07.2009 09:33:55
Fala Bogu! Edna pomalku prazna politicka figura ,politikant i politicka pamarioneta i prostitutka na nasata tazna politicka scena. Ic da ne se vrati vo Mk , ama nema nisto da me zaboli.
Од: slavica
Датум: 04.07.2009 10:49:50
nemi e jasno sto utrinski go diga tolku ovoj pa toj aman bas nisto ne napravi za mak samo se debeli...................
Од: zoran
Датум: 04.07.2009 11:01:46
od site citateli dobivte odgovor. Bocevski bil vo Amerika (deka toa pak e mnogu bitno prasanje). Dali toa Utrinski nema novinari istrazuvaci ili pak spijat pred internet po cel den. :)))))) ne se razbira deka ne...samo za pari od SDSM mora da se pisuva toa sto se bara od niv. Prekrasni prekrasni novinari. Na zdravje! :)))))
Од: Ace od Avstralija
Датум: 04.07.2009 13:22:12
Eve besplaten odgovor: kaj sto mu e mestoto !!!
Од: забеган.
Датум: 04.07.2009 14:06:01
е што висе чудам на умот и на новинарите и на читателите.Како не вие јасно кај е БОЦЕТО па муа летна ко ДИМОВ од СДСМ абе сите ќе муа дувнат еден по еден.Кај е ДАРАВЕЛА а??? Абе арами укради и побегни.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 04.07.2009 22:24:08
Бидејки екс вицепремиерот кога го пријави сопствениот имот знаеме што пријави барем заради тоа што успеа да си собере пари за карта од парите на овај народ требаше барем два збора плус да каже ако има мадиња во што јас не верувам
Од: ljube
Датум: 04.07.2009 22:31:50
Se kae i samiot Bocevski koga svatil so kogo stanal "pajtas".No toa nema da mu bide opravduvanje za site izneseni lagi,branejci nesto sto ne se brani.Da,ne se branat glupostite sto gi napravi i seuste gi pravi ovaa nedovetna vlada.A zosto mislam deka e nedovetna.Pa poglednete go "sostavot".No zalam sto pored nivnite isto taka "nedovetni"glasaci,za niv ne sum tolku zagrizen,stradaat i ona pametno ostanato glasacko telo.No ima edna izreka,"Belki ima lesna noga".Po site zakoni na ovaa zemjena topka toa brzo i ke se obistini.Zatoa narode Makedonski,doadjaat "svetlite"denovi za ova napateno parce zemja od ovaa vlast.Pocna so Bocevski a ke zavrsi so Grujevski.
Од: Bace
Датум: 05.07.2009 00:45:57
Super ,site greski na VMROvcite se slavat za nevideni uspesi aposle se prefrla vinata na drugite ,nevidena strategija. Bocevski mozda za pocetok e vo Amerika ama posle ke aterira garant vo Bugarija . Site nasi dejci i vo minatoto zadna stanica im bila Bugarija.Taka e sozdaena BUgarija od otpadnici dezerteri ptofiteri predavnici koj ja izneverile i zavrtele grb na MAKEDONIJA. Zatoa Bugarite slavat trista g. postoenje .Zasto pred toa bile Makedonci i da se zastitat da ne bidat kazneti od Makedonskite CAREVI otkoga se namnozile formirale drzava i ja narekle BULGARIJA .

Најди! во Утрински
На прво место
Премиерот експресно најде замена за Боцевски
Пропадна и вториот обид за тестирање во Mедицинско
Опозицијата се подели околу Владата