Рачна бомба во двор на бизнисмен
Рачна бомба експлодира во двор од куќа на скопскиот бизнисмен Енвер Малиќи (58), при што е причинета материјална штета, но, за среќа, нема повредени. Како што соопшти МВР, инцидентот се случи во четвртокот околу 19,50 часот на улицата „Душан Тасковиќ“ во населбата Железарница. Непознати лица фрлиле експлозивна направа во дворот на бизнисменот, при што биле оштетени прозорски стакла.
Кој и зошто ја фрлил рачната бомба ќе утврди полициската истрага. (Х.Р.) |