Број 3431  сабота, 13 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил








Site Meter
Хроника

Камерите нека снимаат, ама казни да не пишуваат

Судот за прекршоци не ги смета видеоснимките како доказ, освен ако не издал налог

Горан Адамовски

Видеокамерите на семафорите во Скопје не смеат да ги казнуваат возачите што ќе направат сообраќаен прекршок. Снимките од нивните минувања на црвено светло, непропуштање пешак, непрописно престигнување или цик-цак возење, не можат да бидат доказ пред Судот за прекршоци. Ова го тврдат правниците што ги консултиравме, според кои, без налог од Судот, снимките се неважечки.

Се шпекулира дека токму од таа причина Министерството за внатрешни работи запре со монтирањето на видеокамерите и со поставувањето на Центарот за автоматско управување со безбедноста и проточноста на патниот сообраќај, што требаше да биде сместен во просториите на СВР - Скопје, но од МВР ги демантираат ваквите гласишта.

Иако најголем дел од камерите веќе се поставени на фреквентните раскрсници, булевари и црни точки низ градот, нивната работа се' уште не профункционира. Во МВР тврдат дека нема никакви отстапки од идејата.

„Во превентивата имаме намалување на бројот на сообраќајните несреќи, и во целина, ефектот е позитивен, бидејќи граѓаните се многу повнимателни. Проектот продолжува да се реализира, согласно со динамиката, односно финансиските средства што ги имаме на располагање“, велат од МВР. Планот на надлежните беше недисциплираните возачи што минале на црвено светло, не пропуштиле пешак или направиле каков било прекршок, да бидат снимени на камерите, па дома да им стигне соодветна „честитка“.

„Без налог на судот, видеоснимките не се никаков доказ пред судот, така што возачите не можат да бидат казнети од судија од Одделот за прекршоци, освен доколку таквиот доказ биде наложен и побаран од судот, а за прекршоци таков налог не се издава“, велат адвокатите што ги консултиравме.

Според нив, истото важи и за цивилната сообраќајна полиција, односно полицајците што во необележани службени возила ловат несовесни возачи. Полицајците се возат зад „грешните возила“ и ги снимаат нивните брзи возења и прекршоци во сообраќајот. Штом ��о снимат прекршокот, даваат полициски сигнал, се појавува таблата „стоп полиција“ и му ставаат до знаење на возачот да запре. Му ја покажуваат видеоснимката и возачот има избор да плати во рок од осум дена, па казната да биде преполовена или, пак, го чека судија за прекршоци.

„Истото важи и во вакви случаи“, објаснуваат адвокатите.

Сосема поинаква е работата кога станува збор за разбојништва, убиства или друг вид криминал кога преку камерите може да се обезбеди важен доказ, секако, само по барање на судот.

Според замислата, камерите треба да бидат мрежно контролирани во Центарот за автоматско управување со безбедноста и проточноста на патниот сообраќај, каде што секоја вечер, надлежните ќе вршеа преглед на денот и ќе ги испорачуваа казните.

Надлежните тврдат дека, пред се', важен бил превентивниот момент, односно стравот на граѓаните дека ќе бидат казнети, па затоа и повнимателно возеле. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 4756 пати.

Испрати коментар

Од: Стојан
Датум: 13.11.2010 12:21:12
Во врска со првиот пасос. Какви правници се тие идиоти кои тврдат дека неможе снимката да биде релевантна како доказ за сторен прекршок. Треба да се казнува бидејки е невиден хаос на раскрсниците, особено кај судската палата. Се минува на црвено лудо. Камери има и се казнува во Австралија и на автопатите. Нека одат некои судии “службено“ па нека возат повеќе од 110 км на час. Ке видат што е закон и правна држава и независно судство. А пратеник, член на влада? Покрај казната ќе го истапанат на Суд.
Од: Mite
Датум: 13.11.2010 15:17:05
ushte za vreme na SFRJ vo Belgrad imashe na raskrsnici kameri i se kaznuvashe... ama sega imame Pravna drzava, silno krivosudstvo i beskrupulozni advokati, tie se nad zakonot i drzavata.. .. posle za ocenkite na EU deka ne moze ni Soobrakajot da se regulira pak ke bide kriva Vladata
Од: Komentator
Датум: 13.11.2010 15:41:19
Ne mozam da svatam kako kamera ne e dokaz...znaci ako opljackam banka i me snimat nema prekrsok...?? Pred ramno poveke od trieset godini vo Germanija.. edna moja poznanicka dobi porodilni bolki .vo kola vozese...sekako vo panika ne mozese da ceka na crveno zosto so prviot porogaj brgu se porodi..i taka ona pomina na dva..crveni semafora...Sudijata ja kazni...so obrazlozenie deka ako cekala zeleno samo eden zivot bil vo opasnost ama sto pominala dva crveni signala donela vo opasnost mnogu poveke luge...a dokaz bese togas novitet ..nova postavena kamera...E toa e zakon luge ,,se nadevam i sega deka e taka...!!
Од: italija
Датум: 13.11.2010 20:38:46
Во Италија пројди каде што има камера,па види дали нема да те казнат!Имам еден комшија заврши правен после 12 години.Тој да не и кажал на новинарката дена правно не можело така.Бог да чува од вакви квази-квази новинари и написи!
Од: jovan
Датум: 13.11.2010 23:07:45
A ako ubijam/pregazam covek pred kamera i izbegam, znaci li toa deka i togas nema da odgovaram? Znaci li toa deka nasive pravnici so site sili gi stitat prekrsitelite, kriminalcite.....i ostanatata bagra. Mnogu nesto sakaat da im ugodat na takvite. Sto nema da docekas od ovaa drzava.
Од: SAD
Датум: 14.11.2010 00:21:47
Normalno deka nemoze da se koristi kako dokaz za na sud. Ovde vo SAD ima kameri na sekoj cekor i ako bide registriran prekrsok nemoze da bides kaznet vrz osnova na toa, no kamerite pomagaat vo mnogu drugi slucai. Policijata ovde ima reseno bezbroj drugi slucai ili bar dobieno nekoja vitalna informacija vo vrska so nekoj slucaj bas od ovie kameri postaveni po gradovite. Isto taka, radio i televiziskite stanici se povrzani so ovie kameri taka da celodnevno informiraat za soobrakajot niz gradot.Jas sum kamerite vo Skopje da bidat i ponatamu koristeni.
Од: od gresnik
Датум: 14.11.2010 00:27:31
ne znam kako moze od kamerata da se utvrdi identitetot na vozacot ili sekogas kaznata treba da ja plaka sopstvenikot na voziloto
Од: Ѓоре
Датум: 14.11.2010 01:53:30
Еве јас сум еден од тие правници. Право е тоа што пишува во уставот и во законите и точка. Без обзир ви се чини за праведно или не. Правно не секогаш значи и праведно. Во Австрија и Холандија на пример се вози со светла само кога врне или е намалена видливоста, ама во МК не пишува така во законот и точкица. Ако ве интересира едн друга тема исто така скокотлива, има два члена во уставот што забрануваат попречување на слободата на движење, но вие на јавен паркинг (твој, мој и на сите) во центарот во Скопје, кој сите ние сме го изградиле некогаш или сега (демек со наши пар баш од џебот) некој си збира пари од пракирањето и ти забранува индиректно таму слободно да припариш. Ете една правна работа која е неправедна... Со тоа што ове паркинзи не се законски и уставни но се предвидени со правилници (позаконски акти) коишто пак би требало да се засновани и неспротивни на устав и закон. Ама тој што ги напишал не го исчитал уставот. За ова треба едно писание до уставен суд.
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 14.11.2010 14:43:00
Ako vo edna drzava video dokazot ne e dokaz, togas vie se kosite so zdraviot razum. Ova e nenormalno pravo vo nenormalna drzava, Ova e cirkus neviden.
Од: анонимна
Датум: 14.11.2010 23:41:20
значи вака.тексото погоре не вели дека нема да ве казнат ако направите прекршок,туку дека се додека тоа не го пријави некој на суд т.е.додека не се покрене постапка,во случајов налог(за се е така)не можат да ве гонат.а далеку од тоа дека не може да се казнат несовесните возачи.бидеќи еве на пример ако некој ве провали дома и ако ви изврши кражба никој нема да го гони ако вие не го пријавите на суд.

Најди! во Утрински
Хроника
Управните служби ќе работат секоја сабота
Во подрумот чувал експлозиви
Тројното убиство во „Биг фиш“ ќе се суди другпат
Рачна бомба во двор на бизнисмен
Во Косово се тргувало со човечки органи
Кај скопјанец најдени 53 грама кокаин






Parvanov's new project upsets former Socialist colleagues
Mounting pressure to end Macedonian negotiations with Greece
No control mechanism for Croatia after EU entry