Управните служби ќе работат секоја сабота
Управните служби на СВР-Скопје и денеска ќе работат во две смени од 8,30 до 20 часот. Цел на работната сабота е да се поместат термините за аплицирање за нови патни исправи, односно преку закажување нови термини за аплицирање да се скуси времето на чекање за оваа услуга. Воедно, граѓаните денеска ќе можат да одат и да си ги земат готовите лични документи.
„Со овој проект, кој ќе трае во наредните неколку месеци, секоја сабота, односно до средината на февруари идната година, се планира да бидат опфатени околу 60.000 граѓани што аплицирале за вадење нови пасоши и чии термини ќе треба да се поместат од веќе добиените“, велат од МВР.
Преку Кол-центарот на граѓаните ќе им се нудат нови термини и притоа, доколку од некои оправдани причини понудениот термин нема да им одговара, ќе им биде понуден уште еден, објаснуваат надлежните. (Г.А.) |