Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Две жени ќе собореле авион сакајќи да отворат врата

Пијаните Британки рекле дека сакале да ја отворат вратата за да влезе „малку свеж воздух“ во авионот

ФРАНКФУРТ - Авион беше принуден итно да се приземји во Германија откако две Британки се обиделе да ја отворат врата на кабината среде лет, соопшти полицијата. Британките, на возраст 26 и 27 години, пиеле прекумерно и морале да бидат задржани на нивните места од обезбедувањето се' додека авионот слетал во Франкфурт .Тие се уапсени и ослободени по два часа, јави полицијата од Франкфурт.

Авионот на „ХЛ ервејс“ бил на лет од грчкиот остров Кос до Манчестер кога се случил инцидентот, во средата. Портпарол на авиокомпанијата јави дека жените наводно пушеле во тоалетот на авионот и постои сомневање дека самите внесле алкохол во авионот. Портпаролот рече дека тие им упатиле псовки и закани на персоналот, кој одбил да им продаде алкохол од барот. Потоа жените рекле дека сакаат да ја отворат вратата за да влезе „малку свеж воздух“ во авионот. „Нивниот јазик беше целосно неприфатлив, исто како и нивното однесување. Тие користеа многу навредувачки зборови и закани. Ние нема да толерираме такво однесување. Екипажот од кабината одлично ја заврши работата и беше мошне професионален“, јави портпаролот.

Новинската агенција Ројтерс јави дека 26-годишната жена се обидела да нападне стјуард во авионот со шише вотка. Инцидентот се случил на висина од околу 10.000 метри додека авионот ја надлетувал Австрија.

Хартмут Шерер, портпарол на полицијата од меѓународниот аеродром во Франкфурт, рече дека капетанот проценил дека најдобра опција била непланирано да се приземји во Франкфурт и да ги отстрани жените од авионот. „Луѓе од обезбедувањето ги држеа на нивните седишта до слетувањето“, рече тој. Жените се соочуваат со обвиненија за сериозни телесни повреди и нарушување на регулативите во воздушниот сообраќај, јавува Ројтерс. (Ројтерс)

 


Статијата е прочитана 1384 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Зденко
Шврговски разреши тројца заменици од „организиран криминал“
Камп, премиер и дрвца
Маратонска расправа на Кривичниот совет
Владата ќе расправа за поскапување на струјата
Новата влада изгласана без опозицијата
Со неколку куршуми убиен Неџат Пепиќ
Семоќната власт и замолчениот народ
Драмата на Егејците (25)
Приговорите ставени на продажба
Пушењето дозволено само дома и на отворено
На натпревар кај Прилеп загина параглајдерист од Финска
Баросо се прогласи за некомпетентен за Егејците
Карикатура
Четворица повредени на мотокросот „Рибник 2008“ во Штип
Verbatim