Брoj 2748  понеделник, 28 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Фељтон
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Македонски состојби

Семоќната власт и замолчениот народ

Манчо Митевски

Градоначалничката Аларова ги остварува соништата на премиерот Груевски!

Македонија доби втора влада на чие чело е Никола Груевски. Старо-новиот премиер ќе ја остварува старата програма „Преродба во 100 чекори“, дополнета и проширена, речиси со целиот стар тим, но и тој дополнет и проширен со министри од таборот на новиот партнер, до неодамна неприфатливите за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Али Ахмети. Бидејќи станува збор за старо-нова влада со старо-нова програма, посебно што новиот парламентарен состав по итна и многу проблематична постапка на предлог од старата техничка влада донесе стотина закони и ребаланс на Буџетот, поради што опозицијата го напушти „храмот на демократијата“, сосема е извесно дека нема да ги добие на располагање вообичаените 100 дена за консолидација.

Имајќи ги предвид овие работи, на формалниот старт на новиот кабинет би сакал да го свртам вниманието на две-три работи кои, ако продолжат како веќе започнат неповолен тренд, многу ќе ги загрозат демократските процеси во земјата, реформите, правната држава, правата и интересите на граѓаните.

Прво, иако владата тврди дека го поттикнува процесот на децентрализација на власта, со префрлањето само трошки од надлежности на единиците на локалната самоуправа, а оставајќи ги за себе надлежностите кои значат моќ и пари, иако законски тие се природно право на општините, Македонија останува во редот на државите во Европа со најцентрализирана власт. Делумно за ваквата состојба вина сносат и самите единици на локална самоуправа кои, поради партиската припадност на градоначалниците и на советите, доброволно отстапуваат од некои свои надлежности, односно работат под диктат на Владата/партискиот лидер. Најеклатантен пример за ваква состојба е Општина Центар, а најдобра илустрација е она што се случува со плоштадот „Македонија“. Според системот „уште лидерот не кивнал, градоначалничката се разболува“, Аларова од градскиот плоштад ќе прави „центар на кич-соништата“. Со мал милион промени во Детаљниот и во Генералниот урбанистички план, со завлегување и во надлежности на Градот Скопје, во радиус од 200 метри, покрај неколкуте објекти што постојат или се во изградба, ќе се градат црква, споменици на неколку дејци, лавови кај Камениот мост, три деветкатници, Музејот на ��МРО, Градската куќа, три скулптури во Вардар, Мост на цвеќето, хотел, фонтаната на Пенов надградена со Александар на Букефал, педесетина уметнички скулптури во просторот...!

Второ, новата пратеничка група на ДУИ, по предлог на старата влада во која немаше министри од оваа партија, туку од ДПА, во интерес на иднината и на новата коалициска влада, го изгласа Деловникот за работа на Собранието со истите решенија против кои пред некој месец поднесе 2.500 амандмани. Кога е во прашање интересот, први страдаат принципите. Но, во ДУИ се' уште има луѓе кои внимаваат на принципите, па во оваа партија се појавиле проблеми! Но, тоа е една од тактиките на Груевски спрема партнерите: скарај, па потоа полесно ќе владееш! Разединета партија и полесно се користи, и полесно се маргинализира! Ова не е добро за меѓуетничките односи и за демократијата.

Трето, во Македонија тајните служби на МВР добија огромен износ пари за модернизација. Модернизацијата на овие служби по дефиниција, покрај другото, значи нивен полесен пристап до интимните сфери на животот на граѓаните со прислушување, надгледување... Власта донесе многу закони во кои се пропишани големи глоби кои се мерат во големи износи евра. Цените речиси на се' што е потребно за живејачка секојдневно растат. Граѓанството осиромашува. Луѓето се' повеќе шепотат или премолчуваат. Власта станува семоќна, граѓаните молчаливи!

Сето ова не е добро за државата, за демократијата, за граѓаните, а не е добро ни за власта, која последна ќе го сфати тоа, но може да биде доцна!


Статијата е прочитана 1436 пати.

Испрати коментар

Од: RR:Zatoa ne e vo Shutka!
Датум: 28.07.2008 00:28:30
Alarova e nechistata sovest na Gruevski,koja zasega se zakopuva vo zaborav za site napraveni nedela i kriminal vo urbanizmot tokmu poradi ispolnuvanje na site negovi zhelbi .No,belata kniga za periodot na gradonachalnikuvanje se polni i ne zastaruva.Ne kje im pomognat site crkvi ,koi planiraat da gi izgradat od lutinata na Bog poradi krshenje na osnovnoto hristijansko nachelo :LJUBI GO BLIZHNIOT SVOJ.A tie postapuvaat sprotivno od se shto propoveda nashata vera i 10 Bozhji zapovedi : i lazhat,i kradat i unishtuvaat chovechki sudbini.I plagijatot na sofiskiot Lavov most ja potencira zhelbata da se vmroizira drzhavata so stavanje partiski pechat na se.Ama ne mozhete da ni go vmroizirate umot i pomnenjeto,koe kje gi sochuva site vashi idiotizmi napraveni na shteta na narodot i drzhavata.Zatoa,ne gi poganete Bozhjite hramovi so nechistata sovest,koja nema da ja potisnete so milion zapaleni svekji.Kje Ve progonuva koga najmnogu kje vi treba miren son.Namesto Zaev vo Shutka trebada odi Alaro
Од: Tomce
Датум: 28.07.2008 07:25:35
VMRO - i se e mozno!!?
Од: jovan
Датум: 28.07.2008 09:04:46
I cestitam na ovaa Vlada sto se fati vo bitkata so kriminalot ,a i apsenjata sto gi vrsi iskreno kazano mi se dopagaat. Taka treba so site koj se osmelile da ne kradat. No nemozam da go odobram selektivnoto apsenje i selektivnite spektakli. Osven slucajot Alarova samo jas znam uste mnogu slucaevi "od maalo" a i samiot gledam, koga nekoj novopecen biznismen koj poveke od jasno e deka raboti "tenderi" so drzavni institucii i poveke od jasno e deka se bavi so KRIMINAL, ne se prevzema ama bas nisto. Imalo slucaevi koga gi apsat ,no posle nekolku saati gi osloboduvaat i se se zataskuva i istite tie si prodolzuvaat po staro, a naveliko se falat kako imale oni "jaki luge" koj im "sredele rabota". Za ova sum ziv svedok bidejki od blizok rodnina go "doziveeav"(istiot toj vo meguvreme jugoto go zameni so BMW). Toa e strasno nesto sto nervira i poveke lici deka starite kriminalci sakaat da gi zamenat so novi(svoj).
Од: Македонија
Датум: 28.07.2008 15:27:24
Јован а ти се допага ли тоа што народот веке нема леб да јаде.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 28.07.2008 18:01:46
Vlasta, odnosno vladata ne e semokna, taa e demokratska i pravedna, i progresivna. A ne e narodot zamolcen, tuku opozicijata, znaeme zosto. Ocekuvam vo najskoro vreme Vasiot prostor vo vesnikot da bide pole na izrazuvanje na pravilni i pravedni sostojbi, nikako delegirani i deregirani. Zarabotete si gi parite cesno.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Зденко
Шврговски разреши тројца заменици од „организиран криминал“
Камп, премиер и дрвца
Маратонска расправа на Кривичниот совет
Владата ќе расправа за поскапување на струјата
Новата влада изгласана без опозицијата
Со неколку куршуми убиен Неџат Пепиќ
Драмата на Егејците (25)
Приговорите ставени на продажба
Пушењето дозволено само дома и на отворено
На натпревар кај Прилеп загина параглајдерист од Финска
Баросо се прогласи за некомпетентен за Егејците
Карикатура
Четворица повредени на мотокросот „Рибник 2008“ во Штип
Verbatim
Две жени ќе собореле авион сакајќи да отворат врата