Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Битолчани ги враќаат шпоретите на дрва

БИТОЛА - Скапотијата ги враќа шпоретите на дрва во битолските домови. Високата цена на струјата и на мазутот за парно греење ја зголеми побарувачката на огревно дрво за оваа сезона за цели 30 проценти, потврдуваат од битолската експозитура на „Македонски шуми“. Цената на еден кубен метар огревно дрво се движи од 2.300, па се' до 2.700 денари кај индивидуалните продавачи.

Само до крајот на јули „Македонски шуми“ испорачало 7.000 просторни метри дрвја до своите потрошувачи во Битола. Градот, според процените на претпријатието, има потреба годишно од 60.000 просторни метри дрвја.

„Се бараат и дабот и буката. Цената е 2.454 денари за дабот и 2.373 денари за буката. Имаме и сеченица, таа се продава по 1.711 денари“, вели Мирјана Божиновска од „Македонски шуми“ во Битола.

Според претпријатието, цената на огревното и техничкото дрво годинава не е променета. Од септември „Македонски шуми“ со новина - ќе започне со продажба на брикети. Цената за нив не е формулирана, но од претпријатието се надеваат дека тие ќе најдат свое место на пазарот, особено во колективните згради, бидејќи пакувањето за нив е практично, а искуството од западните земји покажало дека овој огревен материјал е доста користен во домаќинствата.

Засега во складиштата на „Македонски шуми“ има доволно брикети за потребите на битолчани. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 685 пати.

Испрати коментар

Од: Kolo Diamantotk
Датум: 05.09.2009 06:14:12
Stoo da bese SDSM na vlas dane ke mu napravese centralno greenje na narodot beter moze samo da bide. Vo vakvo krizno vreme sto go zafati celiot svet koj ida dojde na vlast ne moze daja isprave . Blagodarenie na Gruevski dip sto ja poznava dobro ekonomijata i zatoa podobri od nasite komsii.
Од: koki
Датум: 06.09.2009 06:48:58
Еве го пак се јави полуписмениот Кољо ВМРО-вска рѓа, вели подобри сме биле од соседите оти Грујо ја познавал Економијата????????? Која Економија црни Кољо од Грујо Прилепскиот ѓак... сите соседи вклучувајќи ја и Албанија која во 1990 година беше во среден век не ПРОШИШАА, а ние со оваа власт отидовме во провалија црни Кољо...

Најди! во Утрински
Македонија
Сиромаштијата во Македонија е непобедлива
Тиквешкиот гроздобер почна, проблемите останаа