Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија

Тиквешкиот гроздобер почна, проблемите останаа

Револтот кај лозарите не стивнува, визбите понудија пониски цени од ланските

Ангел Данов

КАВАДАРЦИ - Празникот на грозјето и виното во Кавадарци почна со изложба на етнолошки предмети од Тиквешијата. Вчера и официјално во Кавадарци беше отворена туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“, која ќе трае до 7 септември - Денот на ослободувањето на Кавадарци.

Главното случување е в недела, од 19 часот, кога ќе се одржи винскиот карневал. Преку карневалски маски, граѓаните ќе го претстават кавадаречкото секојдневје, со посебно назначување на грозјето и виното. Гроздоберот ќе заврши со спектакуларен огномет и настап на танчарска атракција од Бразил. Манифестацијата е помогната од повеќе локални фирми, а главен покровител е „Фени индустри“, кој го помогна „Тиквешкиот гроздобер“ со 10 илјади евра.

И покрај празнувањето, и годинава, како впрочем и многу години наназад, лозарите ги мачат истите проблеми. Тие се незадоволни од ниските откупни цени и стравуваат за пласманот на грозјето. Револтот кај лозарите не стивнува поради тоа што визбите годинава понудија пониски цени споредено со ланските.

Во многу винарски визби во регионот откупот воопшто не е почнат и покрај тоа што грозјето од висококвалитетните сорти ја има постигнато технолошката зрелост и скапува на нивите. За најзастапените сорти во Тиквешијата, „смедеревката“ и „кратошијата“ годинава во оптек се пониски цени од лани. „Смедеревката“ се откупува по цена од 7 до 9 денари, а „кратошија-вранец“ по 10-12 денари за килограм. Извесно е дека годинава ќе нема субвенции за грозјето кое ќе замине за извоз. Лозарите предлагаат до Владата од наредната година наместо по килограм, да се субвенционира по 1 ха површина. Така би се опфатиле и лозарите кои ќе го продадат грозјето на купувачи однадвор. Многу лозари се жалат дека ни една визба не сака да им го купи грозјето „шардоне“ и „црн бургундец“ и покрај тоа што понудија пониски цени од лани. Во Тиквеш откупот е започнат, а Повардарје од Неготино се' уште ги нема отворено портите за прием на грозје од овогодишната реколта.

Поради ваквата ситуација, многу лозари планираат да се откажат од одгледување на виновата лоза. Нервозите се присутни секоја година, а на крај сметките покажуваат дека освен вложениот труд лозарите немаат никаква заработка. Визбите не сакаат да дадат повисоки цени на грозјето, бидејќи се соочувале со ниски откупни цени и со големи залихи на вино.

Од програмата на „Тиквешкиот гроздобер“, денеска е меѓународниот турнир во стрелаштво и детскиот гроздоберски карневал. Целовечерен концерт ќе одржат групата „Мизар“ и хорот „Хармосини“. Белег на гроздоберските празнувања ќе даде и традиционалната тиквешка серенада, каде што до израз ќе дојде кавадаречкото гостопримство, традиционалните пијалаци на овој крај, виното и ракијата, како и гастрономијата.

В недела, околу 500 моторџии ќе продефилираат низ кавадаречките улици во рамките на моторелито „Независна Македонија“. За гроздоберот ќе има многу музика и настап на културно-уметнички друштва од земјава и од соседните држави, улична кошарка, натпревар во играње табла и улична магија.

За време на гроздоберот, кавдаречките кафулиња во договор со организаторот и винарските визби од регионот ќе служат вино и ракија по набавни цени, со цел, како што рече градоначалникот на Општина Кавадарци, Александар Панов, да се подигне културата на пиење вино.

„И покрај грижите и проблемите, кавадарчани имаат ведар дух и знаат да празнуваат и да се веселат. Незадоволство имало отсекогаш околу цените и пласманот на грозјето“, вели градоначалникот на Кавадарци.


#
Статијата е прочитана 316 пати.

Испрати коментар

Од: blagoj
Датум: 05.09.2009 14:23:18
jadejne i piejne, pesni i ora!...Makedonski zivot od denes za Denes...Cenata na Grozjeto e Pomala od pred 10 godini, cenata na Vinoto e 1000 posto pogolema od pred 5 godini...P.S. no koment
Од: dimi61
Датум: 06.09.2009 13:14:54
Нека им е со среќа гроздоберот на кавадарчани, само незнам кој ќе слави.Народот во тиквешијата оди како зомби па незнам дали им е до славење.

Најди! во Утрински
Македонија
Сиромаштијата во Македонија е непобедлива
Битолчани ги враќаат шпоретите на дрва