Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Се одложува издавањето на еврообврзницата?

Најверојатно ќе се одложи издавањето на еврообврзницата. Македонија годинава планираше да се задолжи дури и до 250 милиони евра на странските пазари на капитал преку еврообврзницата. Можните инвеститори, чии пулс првиот финансиер Зоран Ставрески го опипуваше низ Европа минатата недела, биле заинтересирани да вложат во нашата еврообврзница.

Сепак, Владата нема да избрзува со задолжувањето, туку ќе почекала да се стабилизираат условите на пазарите, кои сега се прилично внимателни поради грчката должничка криза, поради што најверојатно неможе да се постигне посакуваната каматна стапка. Инвеститорите преферираат да видат постабилни пазари. Овие детали министерот за финансии, Ставрески, ги откри во своето интервју за агенцијата Ројтерс, што го даде во Загреб, на Годишното собрание на ЕБОР.

„Македонија е задоволна од интересот што го покажаа инвеститорите за време на роуд-шоуто за планираната еврообврзница, која ќе ја одложиме се' додека условите на пазарот не се стабилизираат. Многу сум задоволен со исходот. Инвеститорите се избирливи, но тие знаат да направат разлика кога ќе видат случај што има цврсти темели, а таков случај е македонскиот“, истакнал Ставрески за Ројтерс.

Тој рекол дека Македонија цели кон емисија која вреди помеѓу 175 и 250 милиони евра, но не се брза и се потпира на здравите економски индикатори на земјата за да привлече инвестиции.

Ставрески изјавил дека економскиот раст во Македонија се намалил за 0,7 проценти минатата година, но дека оваа година се о��екува раст од два отсто, со оглед на активностите во металната индустрија и градежништвото. „Се разбира, инвеститорите сакаат да видат постабилни пазари, за да можат да инвестираат во нови еврообврзници во земјите во развој. Ние ќе бидеме трпеливи, бидејќи нема итна потреба за овие средства. Кога ќе биде пазарот готов, ние ќе бидеме таму“, рекол Ставрески.

Тој за светската новинска агенција посочил дека јавниот долг на Македонија е само 24 отсто од БДП, додека буџетскиот дефицит од минатата година е 2,7 отсто од БДП. (Н.Н.Ф.)


#
Статијата е прочитана 588 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 17.05.2010 11:48:11
Како да не?!Ќе земел заем подоцна ?! Го имаат „удрено по уши “ и му „репнале “ охохо - камата , па затоа избегал и така се правда...

Најди! во Утрински
Економија
Зошто бегаат странските пари
Со кредити од ЕБОР и ЕИБ ќе се градат пруги, хидроцентрали...
ЕЛЕМ ја оштети државата за 15 милиони евра, обвинува СДСМ
Премиерот ја прозва централната банка за задолжителната резерва
„Т-хоум“ и „Т-мобиле“ го одбележаа Денот на телекомуникациите
Првиот човек на ММФ убеден во спасот на Грција
Трише