„Т-хоум“ и „Т-мобиле“ го одбележаа Денот на телекомуникациите
„Т-хоум“ и „Т-мобиле“ во соработка со Здружението на граѓани „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“, вчера во Градскиот парк во Скопје засадија пролетни садници.
Разубавувањето и декорирањето на паркот, за кое се погрижија вработените од двете компании и многубројните граѓани, е во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на телекомуникации - 17 Мај. Покрај садењето садници, „Т-хоум“ и „Т-мобиле“ поделија и 500 саксии цвеќиња на посетители на Градскиот парк. (Ек.Р.) |