Првиот човек на ММФ убеден во спасот на Грција
Атина - Директорот на ММФ, Доминик Штрос-Кан, е убеден дека планот за рестрикции на владата во Атина ќе даде резултати и Грција ќе излезе од финансиската криза. Штрос-Кан вели дека ги разбира острите реакции на грчкото општество и ако самиот бил член на синдикат, ќе учествувал во демонстрациите.
„Ако Грците не сакаат да имаат проблеми десетици години во иднина, треба да направат напори уште сега“, изјави тој. |