Број 3284  понеделник, 17 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Економија

Со кредити од ЕБОР и ЕИБ ќе се градат пруги, хидроцентрали...

Груевски и Ставрески задоволни од довербата што ја имале во земјава овие две институции

Нина Нинеска - Фиданоска



Со кредити од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициона банка во Македонија, во следните неколку години ќе се градат железнички пруги, хидроцентрали, гасоводниот систем, патишта... Ваквите најави стасаа од Загреб, каде што вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, учествуваше на Годишното собрание на ЕБОР.

Македонија во следните неколку години од ЕБОР очекува кредити од близу половина милијарда евра за вакви крупни инфраструктурни проекти. Во ресорот за финансии објаснуваат дека иако станува збор за кредити, тие на земјава ќе и' се доделат под многу поволни услови, со ниски каматни стапки. Големи суми заеми за вакви инвестиции се очекуваат и од Европската инвестициска банка.

„Македонија има многу добар третман кај ЕБОР и ЕИБ. Овие две банки не само што досега беа значајни партнери на нашата земја, туку се расположени, како што се приближуваме во процесот на интеграција кон Европската унија, со повеќе средства да дадат поддршка за економскиот развој на земјата. Добро беше да се види дека овие две значајни инвестициски банки ја гледаат бизнис-климата во Македонија како поволна“, изјави Ставрески по билатералните средби со високи претставници од двете банки.

И премиерот Никола Груевски е задоволен од овие најави. Тој вчера изјави дека тоа се должи на довербата што ја имаат спрема Македонија овие влијателни финансиски институции. „Заинтересираноста е навистина добар сигнал и укажува дека двете главни институционални финансиски институции и банки во Европа имаат доверба во македонската економија и сакаат да инвестираат поголеми средства во патната и железничката инфраструктура, енергетиката и во други проекти. Тие ќе го подобрат квалитетот на живеење во државата и ќе ја зголемат енергетската сигурност“, истакна Груевски.

Инаку, ЕБОР е заинтересирана да инвестира околу половина милијарда евра во следните неколку години во Македонија во проектот за ревитализација на железничката пруга од Коридорот 10, проектот за изградба на железничката пруга од Коридорот 8 на релација Куманово - Деве Баир, како и во изградбата на гасоводниот систем во Македонија. Од македонска страна е побарано банката да инвестира и во изградбата на една од хидроцентралите што планира да ги гради ЕЛЕМ во следниот период, за што е добиено ветување дека во следните неколку месеци ова прашање ќе биде разгледано од страна на Бордот на директори. Најверојатно, тоа ќе биде ХЕЦ „Бошков Мост“, проект вреден 80 милиони евра. Банката со 50 милиони евра учествува и во проектот за ревитализација на регионалните и локалните патишта во државата.

Интерес за инвестирање во проектот за изградба на железничката пруга кон Бугарија и за гасоводниот систем пројавила и ЕИБ. Ставрески разг��варал со претставниците од ЕИБ и за кредитната линија од 100 милиони евра за мали и за средни претпријатија. Друг проект што ќе биде финансиран со заем од 50 милиони евра од ЕИБ е изградбата на канализационите и водоводните системи во руралните средини. Со претставниците на ЕИБ било разговарано и за заокружување на финансиската конструкција за автопатот на Коридорот 10, на делницата Демир Капија - Смоквица, инвестиција од 200 до 250 милиони евра, во која главниот финансиер е оваа банка. „Доколку не е доволно тоа, веројатно ЕБОР ќе ги дополни средствата за да го дозиградиме Коридорот 10 и на тој начин да ја подобриме конкурентноста на земјата, бидејќи тоа е еден од главните коридори во Македонија“, појасни Ставрески.

Инаку, ЕБОР предвидува дека оваа година Македонија и Србија ќе имаат најголем раст на бруто домашниот производ во Југоисточна Европа. Македонија во тековнава година ќе забележи 2,2 отсто раст на економијата, а Србија 2,1 процент. Според премиерот, ова е добра вест, што укажува дека политиката на Владата е на вистинскиот пат за излез од глобалната криза. „Тоа е добра вест која покажува дека ЕБОР прогнозираше поголем раст од самите нас. Тоа е добар сигнал и укажува дека макроекономските политики на Владата се добри и се на вистински пат за заздравување од глобалната криза“, изјави Груевски.


#
Статијата е прочитана 846 пати.

Испрати коментар

Од: silvester, sidnej
Датум: 17.05.2010 01:18:18
Najavi, najavi... Uste samo preostanuva tenderite da im gi poklonite na stranski kompanii.
Од: jean luc picard
Датум: 17.05.2010 01:42:02
Живи били па видели што би рекле србите. Ај белки се свестија властодржците и го послушаа гласот на народот кој викаше дека треба да се инвестира во инфраструктурата за да привлечеме странски фирми да вложуваат тука. Господ не' чува па ете го остави Ставре со празни раце од евро-обврзицата и овој реши да ја батали, барем привремено. Ако веќе не' задолжуваат за нешто што ќе треба да го враќаат неколку генерации, тоа барем нека биде за корисни работи, а не за споменици и барокни будалаштини.
Од: Kimov
Датум: 17.05.2010 06:47:46
Znaat lugeto na kogo davaat krediti . Evropskite banki za razvoj ubedeni se vo ovie dvajcata Gruevski i Stavrevski deka parite ke bidat racionalno iskoristeni. Samo Borisov od Bugarija i Crvenkovski ke im go najdat mestoto na drugo mesto.
Од: Трпе
Датум: 17.05.2010 10:28:03
Од ова Ќе,Ќе,ќе ја замразив буквата Ќ.Сите од надвор убаво гледат,само нашата блада,неможе ништо да види од темните портокалови очила.Се сложувам дека пари ако се инвестират во вистински цели,барем ке биде познато за што се задолжуват идните генераци,откако ги презадолжија за глупости.
Од: јас
Датум: 17.05.2010 11:45:16
Само дали тие позајмени пари ќе бидат со контрола дадени , каде ќе се трошат или пак само пари дадени како на слепци , па удри на градење споменици и грабушана ?!
Од: Magyar
Датум: 17.05.2010 16:36:25
Do 2112 g. OBAVEZNO i METRO da se izgradit vo Skopje,ke licit gradot,so se selata naokolu.Ko mozit Belgrad da gradit metro,mozit i Skopje,za kritika se eksperite od Makedonija/citaj-Skopje/.So ovoj cekor prerodbata epten ke prodolzit.

Најди! во Утрински
Економија
Зошто бегаат странските пари
ЕЛЕМ ја оштети државата за 15 милиони евра, обвинува СДСМ
Се одложува издавањето на еврообврзницата?
Премиерот ја прозва централната банка за задолжителната резерва
„Т-хоум“ и „Т-мобиле“ го одбележаа Денот на телекомуникациите
Првиот човек на ММФ убеден во спасот на Грција
Трише