Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Политика

Ахмети: „Ибар“ е безвреден памфлет!

Три дена по објавувањето на досието под псевдоним „Ибар“, кое води до кормилото на ДУИ, преку интервју за Радио Слободна Европа се огласи партискиот лидер Али Ахмети и го оквалификува како памфлет. „Институциите треба да се загрижат за овие безвредни памфлети што се делат во јавноста. Мислам дека целата оваа хистерија ќе има крај. Ние сме внимателни и одговорни кон ситуацијата што се создаде. Како прво, не сакаме да бидеме поттикнувачи на конфронтацијата меѓу луѓето. Ги повикуваме сите граѓани да бидат умерени и ладнокрвни, а истовремено очекуваме од сите државни институции, како и од експертите во одредени области, да се обелодени вистината“, изјави Ахмети. Во неговиот прв настап по објавувањето на досието „Ибар“, тој уште вели: „Од целата ситуација излегува дека Албанците биле најсреќниот народ во регионот, зошто УДБА ја создала ОВК, се залагала за независност на Косово и за рамноправност на Албанците во Македонија“.

Лустраторите вчера го испратиле досието „Ибар“ до четирите институции задолжени за соработка со нив (Архивот на Македонија, УБК, Агенцијата за разузнавање и Секторот за безбедност и контраразузнавање при Министерството за одбрана), за да ја испитаат валидноста на документите. Како и во случајот со досиејата „Вујко“ и „Мама“, („Стрелец“ не подлежи на лустрација) и ова досие е водено во Службата за државна безбедност на СФРЈ, па Комисијата за лустрација побарала преку сродните институции во Белград да се провери дали станува збор за оригинална документација или, пак, за фалсификат. Дури откако ќе се утврди веродостојноста на документите ќе се види дали ќе се отвори постапка за лустрација.

Минатата недела министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, се пофали дека МВР располага со најсовремена лабораторија за крим-техника во регионот и може да направи вештачење на каков било предмет. Но, таа тврдеше дека МВР не ги добило досиејата. „Не би сакала да давам никакви оцени за нешто што не сме го виделе и во однос на кое не е побарана активност од нас, а не е прашање по кое се постапува по службена должност“, рече тогаш Јанкулоска. Но, дали можеби затаила комуникацијата меѓу УБК и МВР, со оглед на тоа што лустраторите четири дена претходно соопштија дека ги доставиле документите.

Во Комисијата за лустрација велат дека досиејата во четирите институции, вклучувајќи ја и УБК (која е во рамките на МВР), ги доставил курир, а не биле испратени по пошта. (О.В.)


#
Статијата е прочитана 1015 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Нема јунак за претседател на струмичкиот суд
Си прави ли Гошев пат за враќање во политиката?
Не веруваат дека биле кодошени
Клинички стоматолози во улога на приватни лекари






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries