Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Политика

Не веруваат дека биле кодошени

Повеќето од личностите што, наводно, биле следени порано биле функционери на ПДП

Светлана Унковска


Повеќе поранешни и актуелни функционери од земјава се најдоа на списокот на кодошените во досието под псевдоним „Ибар“. Меѓу нив се: Азис Положани, Ризван Сулејмани, Хазби Лика и Хисни Шакири. Некои од нив се' уште се активни членови на ДУИ или, пак, биле на командни позиции за време на конфликтот во 2001 година. Поранешниот пратеник и министер за локална самоуправа, Ризван Сулејмани, вели дека е зачуден, бидејќи речиси сите од наведените личности што, наводно, би��е следени, се од партијата на Али Ахмети. На Сулејмани, како што вели, се' уште не му е јасно како и неговото име се нашло на тој список.

„Не сметам дека во тоа време сум бил популарна личност ниту сум бил на некоја позиција од која би можел да носам важни одлуки за да бидам третиран. Мислам дека сево ова нема врска со некои ситуации што се наведени, ниту пак имаа врска со реалност. Дури и некои секвенци воопшто не се совпаѓаат, но не сакам да се впуштам во тоа, бидејќи немам идеја што би можело да излезе од сево ова“, ни изјави Сулејмани.

Тој, иако се' уште е член на ДУИ, вели дека се дистанцирал од политиката за да и' се посвети на својата професија и дека сега воопшто не сака да се занимава со минатото. Во периодот за кој се тврди дека бил кодошен, Сулејмани бил пратеник во редовите на тогаш влијателната ПДП, но и покрај тоа, не смета дека тој би можел да биде посебен предмет на интерес. Од оваа временска дистанца не се сеќава дека поради некакви кодошења бил под посебен репресивен режим.

„Во медиумите се спомнуваат имиња на лица од дијаспората, со кои воопшто не сум имал никакви контакти. Во периодот што се споменува во досието ’Ибар‘ бев репресиран како и секој друг Албанец, но ништо посебно што би можело да значи дека јас сум за нешто клеветен“, вели Сулејмани. Тој вели дека и кога бил пратеник, иако имал можност, не сакал да побара информација дали за него се води некакво досие. „Не ме интересираат тие работи“, вели Сулејмани.

Со Азис Положани, кој сега е амбасадор, вчера не успеавме да стапиме во контакт. Тој, исто како и Сулејмани, станува член на ДУИ веднаш по формирањето на партијата, а претходно беше пратеник на ПДП. Откако влезе во ДУИ, Положани мина низ неколку функции - пратеник, министер за образование, директор на Заводот за здравствена заштита... Недостапен за изјава остана и поранешниот градоначалник на Тетово, Лика, кој за време на конфликтот во 2001 под името командант Чела ја предводеше 112. бригада на ОНА.

Претседателот на една од помалите партии на Албанците НДУ, Хисни Шакири, не сака да го коментира тоа што и тој е еден од посочените дека бил кодошен од личноста на која се однесува досието „Ибар“. Шакири во 2001 година се приклучи кон ОНА, напуштајќи ги пратеничките клупи.

„Ова за мене е сериозно прашање и засега не сакам да излегувам со некакви оцени. Јас не знам колку се веродостојни изнесените документи, бидејќи ги немам видено. Мислам дека треба да се почека Комисијата за лустрација да си ја заврши својата работа. Ќе побарам да видам за што, всушност, станува збор, но дилемите се дилеми...“, не ја доврши реченицата Шакири. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 1340 пати.

Испрати коментар

Од: vraboten vo MNR
Датум: 30.10.2010 00:04:18
Nekako, voopsto ne iznenaduva pojavata na ovie dosiea. Nema somnenie deka se vistiniti, iako komisijata donese odluka da ne se razgleduvaat. No sto stanuva so drugite clenovi na DUI, koi se sega na pr. ambasadori. Dali eden covek koj bil vo zatvor za ekonomski kriminal, studiral vo Belgrad, ne rabotel za Sluzbite? I dali toj covek sega treba da bide ambasador na Makedonija vo edna od bivsite republiki na Jugoslavija. Neli toa se podrzuvaat megjusebno kodosite? Ili seuste nekoj od nadvor gi vlece koncite!

Најди! во Утрински
Политика
Нема јунак за претседател на струмичкиот суд
Си прави ли Гошев пат за враќање во политиката?
Ахмети
Клинички стоматолози во улога на приватни лекари






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries