Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter
Политика

Клинички стоматолози во улога на приватни лекари

Јасмина Јовановска


Стоматолози вработени во државното здравство ќе бидат плаќани како приватни заболекари. Пред околу еден месец, Стоматолошкиот клинички центар склучил договор со Фондот за здравствено осигурување со кој и специјалистите ќе може да бидат плаќани како матични стоматолози за услуги од примарната стоматологија. За Стоматолошката комора, која вчера реагираше, ваквиот договор е незаконски.

„Наставниците од Стоматолошкиот факултет не може да бидат и матични стоматолози, кои ќе бидат плаќани по капитација како и стоматолозите концесионери“, смета претседателот на Здружението на приватните стоматолози, Слободан Милутиновиќ. Според него, Стоматолошкиот Клинички центар е регистриран да врши само наставна и научна дејност, а не и класична примарна стоматологија. „Со договорот не само што се деградираат професорите и специјалистите што ќе мора да вршат обични забарски услуги туку како тие ќе постигнат и да ги поправаат забите на пациентите и да ги едуцираат студентите и специјализантите“, прашува Милутиновиќ и додава како може стручниот кадар да биде заложник за да може да се подели плата на техничкиот кадар, чистачките, обезбедувањето. На овој начин, Милутиновиќ вели дека им се задава директен удар на матичните стоматолози концесионери, а пациентите ќе бидат принудени да изберат нов матичен стоматолог.

Од ФЗО тврдат дека договорот е законски и е согласно со измената од Законот за здравствена заштита, направена во јуни годинава.

„Пред четири месеци беше направена измена во Законот за здравствена заштита, со кој на Стоматолошкиот клинички центар му се даде право да врши примарна стоматологија во функција на образовниот процес и карактерот на дејноста“, објаснува д-р Адријан Даци, директор на Стоматолошкиот клинички центар. Но, со новиот начин на плаќање нема да бидат опфатени наставници, тврди Даци, туку само клиничките лекари од три клиники кои не се дел од образованието. „Тие нема да бидат концесионери, туку ќе добиваат плата според систематизацијата, само што Фондот ќе ги плаќа извршените примарни услуги кај нив, како и упатувањето на пациентите на повисоко ниво на лекување“, објаснува д-р Даци, кој призна дека ова е направено за да може да се подобри финансиската состојба на Стоматолошкиот клинички центар, кој подолго време се соочува со проблемот да нема пари за исплата на плати.


#
Статијата е прочитана 556 пати.

Испрати коментар

Од: kiro USA
Датум: 29.10.2010 14:38:46
Zasto da ne im se plaka kako privatnite site prosle niz drzavno besplatno skoluvanje ....

Најди! во Утрински
Политика
Нема јунак за претседател на струмичкиот суд
Си прави ли Гошев пат за враќање во политиката?
Не веруваат дека биле кодошени
Ахмети






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries