„Мерцедес“ ја зголеми продажбата за 13,6 проценти
Франкфурт - Фабриката за автомобили „Мерцедес бенц“, која работи во состав на германскиот концерн „Дајмлер АГ“, во октомври ја зголеми продажбата за 13,6 проценти, односно на 100.500 автомобили.
Фабриката веќе 12 месеци бележи двоцифрено зголемување на продажбата.
„Нашиот успех на германскиот пазар е клучен за таквиот развој. На пазарот учествуваме со 11,1 отсто, што е најголем процент од октомври 2008 година“, изјави шефот на продажбата на „Мерцедес“, Јоахим Шмит.
На германскиот пазар компанијата продала повеќе од една четвртина од вкупниот обем, во САД 18 отсто, а во Кина 13 проценти од продадените автомобили. (МИА) |