Ветерниците во Германија ќе оддуваат енергетски колапс на Чешка
Прага - Есенското ветровито време во Чешка сериозно ги загрижи енергетичарите поради опасноста од колапс на енергетската мрежа во земјата што може да биде предизвикана од вишокот енергија што доаѓа од ветерниците во североисточниот дел на Германија, објави весникот „Лидове новини“.
Големите германски ветерници, поради засилениот ветер, произведуваат неконтролирано енергија со сила и до илјадници мегавати што не може да се одржи во мрежата и самоволно тече кон Чешка и Полска.
Експертите на чешките енергетски компании ЧЕЗ и ЧЕПС признаваат дека постои ризик од целосно прекинување на енергетската мрежа и тие веќе подготвуваат кризни планови.
Целосното затемнување и прекинување на снабдувањето со енергија најпрво би довело до згаснување на светлата, престанување со работа на електричните апарати, запирање на работата на додавателите на топлина, потоа би следувал прекин н�� сообраќајот, на банкоматите и за неколку часа би замолчеле и мобилните телефони.
Во првата фаза би дошло до технолошка хаварија и пожари поради прекинување на електричната енергија и потоа би настанал прекин на други животни потреби. Третата фаза е потребата од овозможување на одредени потреби на населението во континуитет, објаснува директорот на чешката противпожарна служба, Лудјек Прудил.
За експертите, едно од можните решенија за решавање на овој проблем, со кој Чешка се соочува секоја година, би било поставување нови засилени преносни линии од германска страна.
Полска проблемот го има решено со поставување трансформатори што ја ограничуваат енергијата што, пак, претставува дополнителен товар за мрежата во Чешка. (МИА) |