Број 3426  понеделник, 08 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Економија

Тутунарите пак бараат повисоки цени

Прилеп – Се' е подготвено за откупот на тутун да почне од 15 ноември. „Мострите за откуп на тутун се заверени и комисиски запечатени, инспекцијата ќе ги провери откупните пунктови, Министерството ќе го провери бонитетот на фирмите, што значи откупот може да почне“, најави претседателот на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, Данчо Милески. Иако ќе го почнат откупот, сепак, откупувачите на тутун не се задоволни.

„Причина за тоа се нашите барања за повисоки откупни цени. Со анекс во договорите треба да стои: 250 денари за прва А класа, 200 за втора и 170 денари за откупен килограм трета. За ова писмено се известени фирмите- откупувачи. Ова е зашто трошоците за производство годинава нагло се зголемија, а фирмите, кога лани можеа во просек да платат по 200 денара за килограм, може и годинава солидно да го купат родот“, објаснува Милески.

На теренот ќе има 340 повереници што ќе го надгледуваат откупот, што е за 30 повеќе од лани зашто има уште еден покрај петте досегашни откупувачи. Сојузот со забелешка до откупувачите дека многу им одбиваат за тежината на саргиите при мерењето на вага. Во никој случај не треба да им одбиваат по 300 грама, туку најмногу 240 грама од саргија со која се врзани денковите тутун.

Сојузот на тутунските здруженија им препорачува на производителите да не брзаат да го носат тутунот на процена и квалитетно да ја извршуваат домашната манипулација. Сојузот на тутунските здруженија проценува дека годинашнава реколта тутун тежи околу 25.000 тони, а не како што сугерираат откупувачите околу 30.000 тони. Родот е со висок квалитет.

Од вкупно 25.000 тони тутун, 16.000 тони тутун се произведени во Прилепско-пелагонискиот регион, а околу 6.000 тони во Струмичко-радовишки регион. (МИА)


#
Статијата е прочитана 566 пати.

Испрати коментар

Од: забеган.
Датум: 08.11.2010 12:19:05
Да неја претера малку тутунарите???.Што да речат Лозарите и Млекарите.Човечко око незаситно.
Од: Stimulaciuja za kacerogen materijal
Датум: 08.11.2010 13:39:49
Aman bre ludje ! samo tutunarite i trebaat na ovaa zemja. pa ima i drugi granki vo zemjodelieto i stocarstvoto koi se mnogu poznacajni od tutunoproizvodstvoto. Na kraj kraista , tutunot kako kultura vo mnogu zemji e i ogranicen ili zabranet za proizvodstvo. Vo seto ova lezi cista politicka manipulacija i sobiranje na glasovi na " patriotive" a nema nikakva ekonomska logika vakva stimulacija na proizvod koj e steten po zdravjeto na ludjeto. A kade se mlekarite, kade se lozarite i sl.?
Од: zlatko prilep
Датум: 08.11.2010 22:42:33
samo tutnarite se gledaat?, zosto nikoj nikogas ne gi prasal odgleduvacite na ovci, svinji, kravi, kako se snaogaat so skapata hrana? evtinoto meso, mleko i uste poevtinite uvozni mleka, mesa koj sto vo stranstvo se isturaat ili im pominal rokot tamu pa nie poevtini ke gi uveuvame

Најди! во Утрински
Економија
Берзата, слаба, слаба, ама штанца милионери
Статистиката ги топи платите под мраз
„Мерцедес“ ја зголеми продажбата за 13,6 проценти
Ветерниците во Германија ќе оддуваат енергетски колапс на Чешка
Се' уште се бара чаре за зелениот картон






Tight controls on visa-free travellers from Albania and Bosnia
Bulgaria loses case against suspected mafia bosses
Hungarian firms seek EU help to block crisis tax