Хороскоп
Овен
Прашањата врзани за домаќинството и за однесувањето на блиските ќе бара поголема концентрација. Време е да се фатите во костец со неплатените сметки и трошоци. Искористете ги моментите на самотија. Избегнувајте стресни ситуации.
Бик
Љубовниот живот ви минува низ хармоничен период, но ви сте премногу уморни за нежности. Многу нешта ќе ви бидат нејасни и неизвесни. Не се наметнувајте премногу. Позанимавајте се со надворешниот изглед. Во ништо не претерувајте.
Близнаци
Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето на заклучоци држете се до фактите.
Рак
Благодарејќи на вашата енергија, ќе остварите исклучителни резултати. Проблемите со партнерот се неминовни, затоа бидете трпеливи и не нервирајте се. Тоа е единствениот начин за работите да си дојдат на свое место. Бидете внимателни со исхраната бидејќи имате проблеми со мастите во крвта.
Лав
Крајно време е да се промените на работите да гледате од светлата страна. Збунети сте во се што ќе започнете да работите, но се ќе дојде на свое место. Партнерот со нетрпение го очекува вашето внимание. Бидете внимателни со здравјето и не работете тешка физичка работа.
Девица
Крајно време е да ја согледате убавата страна на нештата. Ја преувеличувате ситуацијата и создавате недоверба кај другите. Морате да бидете посигурни, ако сакате да ве почитуваат. Освен на соработниците, ова се однесува и на партнерот кој се помалку ве поднесува.
Терезија
Пред вас е напорен период, не знаете како да се организирате, па станувате хаотични. Партнерот е постојано покрај вас, заемно се надополнувате, а тоа ви дава дополнителна енергија. Здравствената состојба не е променета, затоа направете дополнителни испитувања.
Скорпија
Настојувате да бидете во центарот на вниманието. Единствена преокупација ви е да бидете активни на повеќе полиња. Не трошете ја непотребно енергијата, потрудете се да се опуштите и одморите. Бидете трпеливи со секоја работа која го бара тоа од вас.
Стрелец
Контролирајте го својот однос и однесување кон партнерот, зашто ќе ве мачи љубомората. Ќе ви се разнишаат неко�� деловни поставки. Проверете ја способноста на соработниците. Кажете им „не“ на пороците и лошите навики. Свртете се кон себе.
Јарец
Ако сакате да го подобрите својот љубовен живот, преземете го првиот чекор. Најлошо е чекањето. Одличен ден за писмена преписка за договарање на нови работи. Јадете што е можно полесна храна, избегнувајте црвено месо. Употребете го шармот.
Водолија
Тешко ќе се решите каде и со кого вечерва да излезете. Би можеле да посетите повеќе забави, а на ниедно место нема долго да се задржувате. Претерувањето во било што ќе биде виновно за проблемите со желудникот. Некој ве набљудува. Напнатоста не им ја искажувајте на невините.
Риби
Со доброто расположение ќе ги привлекувате личностите желни за смеа и за забава. Телефонот постојано ќе ви ѕвони, па многу време ќе потрошите на долги разговори и детални договори за вечерното излегување. Можна е возбудлива средба. Внимателно со телефонските импулси.
|