Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
27.10.2011, 18:09

Си велам

Жртви за слободни медиуми

Ерол Ризаов

Новинарите во Македонија живеат и работат под силен притисок

Загрозените медиумски слободи се најлошиот индикатор за македонската демократија. Во оваа чувствителна мерна станица на стабилноста на едно општество се случи катастрофален земјотрес. Урнати се веќе освоените прилично пр��стојни стандарди. Новинарството не е вратено назад. Таму беше подобро. Македонското новинарство е впрегнато во партиска чеза која тегле коњски не само под достоинството на професијата, туку во правец на изместување на перцепцијата на јавноста зошто, всушност, служат медиумите и новинарството. За ова не ни се потребни извештаи на бриселската бирократија, ниту срамниот пад на светските медиумски ранг-листи. За ова не треба да му пишуваме писма никому. Ова е за срам на сите нас. Oва ја покажува зрелоста на едно општество. Замислете колку би биле смешни или, пак, тажни писмата на МАНУ, Друштвото на писателите, Здружението на новинари, на МПЦ и граѓаните на Пуста Брезница до Брисел во кои ќе тврдиме дека новинарството ни е слободно и независно како што сега вика Владата и нејзините трабанти. Тоа е политика на ној. Забивање на главата в песок.

Слободата и независноста на медиумите никогаш и нигде не биле работа само на новинарите. Нивото на самостојноста на редакциите секогаш е поврзано со нивото на демократијата. Во такви соодноси на воспоставени високи стандарди, пишани и непишани правила, етички кодекси и принципи, прецизна законска регулатива, но и стекната комуникациска и политичка култура, можни се високи професионални медиумски производи. Тогаш медиумите емитуваат силен превентивен притисок преку создадената критична маса во јавноста против злоупотребите на власта и центрите на моќ кои секаде постојат. Дури тогаш јавните гласила се четврта власт или седма сила, која има незаменлива улога.

Се разбира, тоа не ги амнестира новинарите од одговорност активно да учествуваат во вечната војна за поголеми слободи и правото на јавноста да ја знае вистината и онаму каде што тие слободи и професионални норми се загрозени. Нема слобода на тацна, како утрински појадок. Ако конфликтот меѓу власта и новинарите е постојан откако постои новинарството од разбирливи причини, тогаш е неразбирлива ситуацијата кога новинари стануваат жртви на свои колеги. Подолг период новинарите во Македонија живеат и работат во амбиент на притисок од власта, но и од нејзините заштитници и од сопствениците на медиуми. Нема физички ликвидации на новинари, но сите други видови притисоци се присутни. Последните години таа атака станува неподносливо жестока преку разни груби, но исто толку опасни и софистицирани репресии и закани. Секој ден јавно се прогласуваат нови и нови народни непријатели кои се премногу европски настроени, кои ја осудуваат стимулацијата на политиката за потрага по пославно минато, критички ја опсервираат работата на Владата и кои препознаваат загроза на медиумската независност и слобода. Тие напади врз новинарите, покрај партиски активисти и војници, ги прават и колеги-новинари со чудовишна замена на тези. Наместо злоупотребата на власта, поважна станува злоупотребата на медиумските слободи. Таквиот медиумски амбиент е последица на три најголеми загадени извори што ја деградираат и онака несозреаната демократија.

Прво, тоа се запрените демократски процеси во Македонија.

Второ, тоа е нерегуларниот медиумски пазар.

Трето, неповолната сопственичка структура.

„Тажно е кога новинари се тужат меѓу себе“, резигнирано констатира деновиве судија во судница пред петмина македонски новинари од различни редакции, кои жигосани од свои колеги како „грчки платеници“ без ниту еден единствен доказ веќе две години бараат правда по судски пат да ја спасат својата чест. Судските ходници се полни со новинари и уредници како никогаш досега. Паѓаат казни со астрономски износи. Глоба од двегодишна или тригодишна плата за клевета и навреда ги донесува во очајна состојба се' поголем број високопрофесионални новинари. Притоа, јасно е видлива пристрасноста на судовите и судиите. Правдата е недостижна кога новинари ја тужат власта и нивните експоненти за сатанизација, а експресни се судските процеси кога како тужители се јавуваат функционери на власта.

Втората голема несреќа на македонските новинари е нерегуларниот медиумски пазар. Тоа ја прави невозможна здравата конкуренција за побрзо, подобро и попрофесионално новинарство. Владата ги доведува во економска зависност медиумите преку нови суптилни методи. Владата и државните јавни компании станаа најголеми огласувачи. Трошат штедро пари на граѓаните од буџетот без да дадат отчет пред јавноста каде и колку пари се потрошени. Власта ги демантира сите бројки што ги соопштуваат новинарите за владините пропагандни трошоци, но не ја кажуваат официјалната бројка. Скапиот популизам на Владата се мери со стотици милиони евра пари на најсиромашните граѓани во Европа потрошени во домашните и во странските медиуми за величање на успесите на Владата. Пристап до овие пари имаат само медиумите што ја поддржуваат власта. Селективното делење буџетски пари според „заслугите“ и подобноста без никакви критериуми е сведено на безобѕирна легална корупција.

Во Македонија се појави и еден нов вид „научен“ притисок врз медиумите. Тоа го прават вешто институти со звучни имиња кои се прогласуваат за невладини и непартиски, а всушност индиректно се финансирани од буџетот. Тие заговараат неутралност, балансирано известување и рамнотежа во критиката кон власта и кон опозицијата. Еден таков институт „Димитрие Чуповски“ закупува страници во весниците и термини на електронските медиуми, организира конференции за печатот на кои според партиски критериуми соопштува кои медиуми се објективни, а кои не се. Критиките кон Владата ги префрлаат овие „научници“ на партиско ниво на сметка на ВМРО-ДПМНЕ. Потоа цртаат графикони и табели во кои соопштуваат научно кои медиуми се неутрални и урамнотежени, а кои пристрасни затоа што повеќе ја критикувале власта отколку опозицијата. Овој популистички наметнат баланс при што се изедначува одговорноста за состојбите во државата меѓу власта и опозицијата го проголтаа и некои новински асоцијации и некои професионални новинари што, во суштина, е изместување на смислата на постоење и основната цел на журнализмот. А тоа е критика на власта, владините политики и особено злоупотребите на центрите на моќ и аномалиите во општеството. Без таа критичка опсервација нема професионално новинарство.

Што се однесува до третата новинарска трагедија во Македонија - сопственоста на медиуми, за да се видат димензиите на несреќата, доволен е фактот дека се' повеќе медиумски газди стануваат коалициони партнери на власта. Таму во скутот на власта им е многу удобно. Таму се заштитени и добро наградени. Ако малку ја изместат уредувачката политика, ги чека анатема, гаснење и затворање. Добри се шансите тој број хонорарни медиумски магнати, партнери на власта, во иднина да се зголемува и еден ден сите да го врземе коњот кај што ќе каже газдата. Се разбира, ако не пцовиса пред тоа.


Статијата е прочитана 2392 пати.

Испрати коментар



Еврото е спасено, а и Грција
Добра вест
Кој е виновен?
Воспитни мерки



Toa e toa!, 28.10.2011 00:18:55
Avtorot realno gi prikazuva sostojbite i problemite vo makedonskoto novinarstvo, no, veruvam deka toa nema da ima kakva bilo korist!? Vladata gi kontrolira site sferi od opstestveno-politickiot i ekonomskiot zivot, zakonodavnata vlast, sudstvoto, mediumite, slobodite i pravata na covekot. Ordinarna diktatura. Care?
neopredelena, 28.10.2011 01:16:11
I po Grujo i Familijata pak Grujo i Familijata! Se slozuvam so avtorot - ova se najteskite denovi od istorijata na ovaa mala drzava. Diktaturata na Familijata e poveke od ocigledna, no narodot si trpi. Aj moze posle 5 veka ke se urne i ova carstvo.
jovan, 28.10.2011 01:20:52
Koga vo edna drzava privatna televizija e glaven stab za kreiranje na politikata i javnoto mnenie na taa drzava, togas neznam sto poveke treba da se diskutira, i sto ne e jasno. Eve na Evropejcive nesto pocna da im se razjasnuva, i gledate kako naednas go svrtea listot. Samo nie izgleda ne svakame sto se slucuva. Na 98% od narodot sekojdnevno mu se serviraat iluzii deka e od dobro podobro, deka cel svet ni e kriv ama ke gi pobedime, a samo 2% si ziveat i si se bogatat na grbot na ovie preostanative. Veke si obezbedija i privatna drzava bez nikakov drzavnicki koncept i pravila, vo koja mozat da pravat sto sakaat. E nema. Se blizi krajot. Ke gi snema i iluziite. Sto potoa? Koj ke plati? Doprva ke ima eden kup ednostavni i prosti prasanja, a ke se cudime kako da gi odgovorime.Koga edna novinarka se ufrla vo protokolot kaj princot od Monaco i go prasuva kako mu stoel Makedonskiot dres, a Precedatelot mirno i stoi, jasno e kolku e casot. Dali ova e voopsto drzava, ili necija privatna firma.
USA, 28.10.2011 02:56:48
Ima edna mnogu vazna rabota vo zivotot. Utrinsko budenje(se poistovetuva so imeto na vesnikov). Dali nautro si vedar i nasmevnat, spremen da go napravis toj celodneven del od zivotot sto podobar za sebe I svojata okolina ILI si butur I postojano ofkas kako drugi ti go unistile denot. Tuka nema balans, ILI-ILI.
dokturot, 28.10.2011 05:18:16
Te razbiram Erole koga velis deka vie novinarite ziveete i rabotite pod pritisok i se slozuvam so tebe za toa.. Kutriot tolku si pritisnat sto ne smees nisto loso da napises za vlasta sto te pritiska tolku strasno. Se gleda po tvoite kolumni , moras samo da ja falis vlasta a samo kritiki da pisuvas za opozicijata. Barem malku da olabavi vlasta, da ne te pritiska tolku pa da procitame od tebe i nekoja kritika da im napises i da ja pofalis opozicijata. Vaka navistina ne e fer tolku da si represiran. Izdrzi Erole imas celosna podrska od doktur za sestoe
tihi, 28.10.2011 08:08:16
Novinarite treba povekje da mu sluzhat na narodot otkolku na politicharite .Ako za sebe smetash deka ti mu sluzhish na narodot ,jas ne mislam taka. I sega shto praime?I prashaj se sebesi tvojot gazda na kogo mu sluzhi.I kako toa ti seushte opstojuvash vo vakov neviden fashizam.
sonja, 28.10.2011 08:23:10
значи се вративме на робовладетлството - па тоа е кога одиме назад во историјата наместо напред во иднината
Istocna Makedonija, 28.10.2011 09:15:16
Vo globala,nekogas prestiznata novinarska voka- cija, na nasive prostori dozivuva evidentna kriza i e obremeneta so tenzii,pritisoci i uceni.No,meda- ljata ima i druga strana.Del od novinarskata fela ,,efektno,,za svoi licni benefiti ja koristi nedovet nosta,narcisoidnosta i posesivnosta na individui- te na pozicii,pa duri kako propagandno-agitaciona instalacija,vlijae debelo i vo kreiranjeto na politi- kite na vlasta.Taka e i vo lokalnite samoupravi,ka de lokalnoto pero-mikrofon gi ,,diga vo nebesa,, iskopleksiranite lokalni serifcinja i dobiva za toa!
milan, 28.10.2011 10:07:21
Bravo g-din Rizaov primer ste za postenoto izvestuvanje i pisuvanje.So vasite tekstovi stanavte kamen vo kondurot na vlasta.Neznam dali ke se najde junak ovoj tekst da go prevede i da im go predade na Dunja Mijtovik /mislam gostinkata od E.U.za mediumite taka se vika/.
Makedonec vo EU, 28.10.2011 10:44:21
Generalnata sostojba vo Makedonija e skoro ista kako i pred izborite, koga ogomnoto mnozinstvo glasaci ja poddrzaa politikata koja gi dovede vo takva situacija. Znaci, narodot go dobiva tocno toj rezultat, koj vo ogromno mnozinstvo, samiot si go izglasa. Zal mi e da ja gledam Makedonija na kolena, toe ke potrae se dodeka mokjta na problemot so imeto (koja DPMNE ja zloupotrebuva vekje podolgo vreme) e fundamentalno potceneta i nerazbrana.
неслободен, 28.10.2011 11:34:54
Г-дин Ерол, Ве молам како стручњак за слободно новинарство да кажете нешто за слободно-новинарските известувања од Либија...
ФЕЛИКС, 28.10.2011 11:38:17
Авторот како да има селективен пристап кон декриминализацијата за напишаниот или изречен збор на новинарите.5-мина наречени како ,,грчки платеници,,никако не можеле да стигнат до правдата а од друга страна се напаѓаат оние кој ги тужат новинарите.Ако се декриминализираат едните треба да се направи истото и со другите.Второ и најважно е да нема одработка за политички опции,било за власта било за опозицијата. Ако тоа успеете да го направите како струка и се ослободите од политички влијаниа медиумската слоба ќе се подобри во огромен процент.Инаку лично се сомневам да ќе успеете во тоа,оти вакви одработки носат сегашни или идни бенефити од сите аспекти на новинарската фела.
jovan, vlada @, 28.10.2011 12:00:25
Види мајката, новинарите биле неслободни во Македонија??? А текстов госпон Ризаов дали во диктатура ќе ти го објавеа?? Абе доста плачете, расчистети си меѓу вас новинатире што сакате, дали сакате како сега да имате лова до крова шо би рекле брача срби и да кукате дека газдите се лоши или реална плата заслужена без некој друг да ти каже што да напишеш, епа сега за се си има цена, само кој од вас е спремен да ја плати! Поздрав
Oskar, 28.10.2011 14:33:38
Kako i sekogas g-dine Rizaov, aktuelen, bez navredi gi iznesovte vistinskite problemi so edinstvena namera i zelba istite da se resat a ne kako sto velite da se stava glavata vo pesok! Edna rabota nikako ne mi e jasna, kako moze ni opozicijata ni novinarite, da nemozat da dojdat do informacii za potrosenite budjetski pari za reklami, spomenici, proslavi, za Proektot Skopje 2014 i dr. i pokraj Zakonot za dostapnost do informacii. Treba da se izborite i za nas vasite citateli da bideme zapoznaeni so reklamite sto gi objavuva Vladata, bidejki site ne citame Vecer i ne gledame MRT i Sitel.
Goce USA, 28.10.2011 16:21:06
Eve go ovoj fAliks i ostanati.. odma se pocna so GRCKI PLATENICI, DOMASNI PREDAVNICI, PRODADENI DUSI... Znaete...seto toa od glava ke vi se skrsi. Sme go gledale toa niz istorijata ilijadi pati. A generaciite ke ve pametat bas spored ovie opisi sto gi davate ama ke bidat zalepeni pod vasite iminja
bezanec, 28.10.2011 21:27:50
Браво Ризаов ! Но тоа изгледа како на глув да му зборуваш а на слеп да му покажуваш. Тоа ти е македончето,би се продал за 5 пари само да слуша лажни надежи од грујо и фамилијата. Како она народната „„ Не умирај коњ на зелена трева„„

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -3°C

Облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -5°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |