Број 3401  четврток, 07 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Втора страница

Словенија ќе ни дава лекции за развој

Коце Трајановски наместо да слушне совети, фрлаше лопата во Ѓорче Петров

Тамара Грнчароска

Словенија, која е една од најуспешните земји во користењето на претпристапните фондови и кохезивните фондови на ЕУ за регионален развој, во наредните две години ќе го пренесува своето искуство на Македонија. Словенија максимално ги искористи ИПА-фондовите, а од 2007 до 2013 година од кохезивните фондови и' се доделени над четири милијарди евра. Според македонскиот министер за локална самоуправа, Муса Џафери, словенечките искуства ќе бидат многу корисни во спроведувањето на македонската националната политика за рамномерен регионален развој. „Следниот чекор е регионалниот развој кој треба да ги амортизира негативните ефекти од повеќедеценискиот моноцентричен развој на државата, фокусиран, главно, кон главниот град“, рече Џафери во стартот на дводневната конференција во Скопје за размена на искуствата во оваа област со Словенија.

Според словенечкиот министер Хенрик Гергаш, патот на користењето на фондовите не бил лесен и резултатите не биле видливи веднаш, но тие го поттикнале развојот и создале нови работни места. Таму зборуваше и евроамбасадорот Ерван Фуере, кој рече дека користењето на овие фондови ќе ја подготви земјата за членството во ЕУ. Тој го потенцираше давањето помош за инфраструктура и на животната средина, потсетувајќи дека ЕУ неколку пати предупредувала на слабиот проток на овие средства за проекти. Тој даде забелешка и на менаџирањето со завршените проекти и потребата од таква едукација, бидејќи нема поента да се градат пречистителни станици, а да не се знае добро да се менаџираат.

На конференцијата присуствуваа голем број претставници на словенечките региони и консултантски агенции, а помалку забележливи беа претставници од македонските локални власти. Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, иако беше најавен како еден од говорниците на отворањето, не се појави на конференција и, наместо него, се обрати неговиот заменик Иџет Мемети. Трајановски, место да говори и да ги ислуша искуствата на Словенија, решил да фрли лопата за изградба на кружен тек во општината Ѓорче Петров. Запрашан дали таквиот однос на првиот човек на ЗЕЛС и татко на Скопје укажува на незаинтересираност и неинформираност на локалните власти за придобивките од европските пари за развој на општините и регионите, Џафери одговори одоколу. Според него, Скопскиот регион е понапред во соработката со Словенија и е на добар пат да ги асимилира словенечките искуства.

Скопскиот регион најразвиен

Разликите во развојот на македонските плански региони се гледа од процентот на средства што ги добиваат, па така најразвиен е Скопскиот регион, кој добива над 6 проценти, додека најнеразвиен е Североисточниот, за кој се издвојуваат над 18 проценти. Источниот и Вардарскиот регион добиваат 14 и 13 проценти од распределбата.


#
Статијата е прочитана 601 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 07.10.2010 19:50:12
Не само словенците и други ни предават лекци,само кај нас нема кој да ги научи.И чврги по глава ни удират,ние пак по старо си тераме.Без домашно воспитување ке си продолжиме како олоши.Важно е ден да си помине друг да ни дојде.Ама ич не ни е важно како и во каква вода пливат малите риби.Кој им е виновен кога се наивни.

Најди! во Утрински
Втора страница
Изгубена солидарност
Завршна игра на Балканот
Вербатим
Без решение за името, нема НАТО и ЕУ






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia