Македонската страна треба да вложи максимални напори за наоѓање решение за името и да биде проактивната страна во преговорите, бидејќи спорот е единствена пречка земјава да добие покана за членство на самитот на НАТО во ноември и датум за преговори од Европскиот совет. Ова порака вчера ја пренесе словенечкиот амбасадор Алан Бергант, кој изрази надеж дека наскоро ќе се реши ова прашање. „Знаеме дека ова е многу чувствително прашање, за кое е потребно да се најде компромисно решение што нема да навлегува во националните интереси“, изјави Бергант.
Неговата порака доаѓа само еден ден откако македонските официјални претставници побараа Македонија да добие членство под привремената референца и да ги почне преговорите со ЕУ, кои би се одвивале паралелно со преговорите за името.
Бергант вчера предупреди дека во годинашниов извештај од ЕК се очекува да има посебни забелешки за областите како јавна администрација, правосудство, корупција и имплементација на законодавството, на кои не треба да се гледа како на критика, туку како на добронамерни препораки за подобрување на состојбите. (Т.Г.)
Што дочекавме. Една воена суперсила како Словенија да ни кажува што треба за да влеземе во НАТО. Веднаш треба да си ги повлечеме војниците и да прекинеме секакви понижувачки преговори за менување на уставното име и влегување во таква организација.
Од: magde
Датум: 07.10.2010 13:41:42
nasol vmro ovci za strizanje i toa e toa najsiromasna drzava vo eu ama ne im e gajle na vmro...............
Од: Словенец
Датум: 07.10.2010 13:48:09
Не Словенија,туку и Литванија и Естонија ќе ни кажуваат.Тие се внатре,ние надвор.А, што не ги прекинете преговорите,туку само плачете? Нашите војници се таму за да заработат пари за своите семејства,прашај ги дали сакаат да се вратат!
Од: Bolje rat nego (NATO) pakt
Датум: 07.10.2010 13:50:38
Abe ovie ajvarot ni go ukradoa, pa ke ni se pravat prijateli. Eve, jas se soglasuvam ako oni go smenat imeto na ajvarot u ajver, i nie da si go smenime imeto.
Од: mihajlo
Датум: 07.10.2010 14:02:03
Mako covek i kako drzavjanin na ovaa moja zemja navistina mi se smaci od ovaa nerazumna golgota sto svetot ni go pravi vo izminative dvaesetina godini.Ako navistina nas ne priznale pod imeto koe ni e svetinja od nasite dedovci i ako [[pod toa ome ne "pocituvaat" 130 zemji,togas navistina ne mi e jasno vo sto e problemot.Slovencite mora da svatat deka Makedonija nema namera da go smeni svoeto ime i zatoa namesto da ne ubeduva sto treba da storime neka se angazira da ni navistina pomogne.Nee nikakva pomos ako ni se sugerira promeneto imeto i ce bide se vo red.Blagodaram za pomosta.Takva pomos nee pomos.I nam ni e jasno deka so takva promena ce vlezeme vo tie prokleti strukturi,takva ucena ne ni e potrebna,a pomalku takva "pomos".
Од: veles
Датум: 07.10.2010 20:34:46
Pa VMRO saka da ja primat Makedonija vo Nato I EU i posle da im trubi na cel svet kako Ace veliki bil nas i da gi uci komunisticka istorija koja za zal se uste se e prisutna vo obrazovanieto vo R.Makedonija.ucebnicite ni se polni so omraza kon sosedite , so ukradena istorija od sosedite i ovie odozgora trubat EU nie kriva i SAd ni se krivi i se nadevaat na primanje pod imeto FYROM,znaejki ubavo deka toa nikogas nema da vlezeme vo NATO i EU,a odozgora tie i ne ne molat tuku nie im se molime niv.
Од: ss
Датум: 08.10.2010 03:40:29
Kako prvo ocigledno ne ne sakaat vo nivno drustvo
a ne e pristojno de se nametnuvame,a i beneficiite vo toa drustvo ne se tamu.Edini spas sa izmena e sojuz so majka Rusija.Situacijata e slicna kako vo vremeto na "studenata vojna".