Клучното прашање е ЕУ да го поттикне Западен Балкан да го задржи фокусот на европската агенда
Франко Фратини за „Утрински весник“
Дваесет години по распаѓањето на Југославија и на комунистичкиот режим во Албанија, западниот балкански регион повторно е на пресвртница. Словенија е во Европската унија, Хрватска е многу блиску до членство, а сите други земји од регионот се на патот кон Европската унија. Сепак, останува опасноста дека тој позитивен напредок се' уште може да биде нарушен.
Всушност, иако интеграцијата во ЕУ веќе носи демократија и стабилност во земјите на Балканот, тоа е незавршена работа, а завршувањето на таа задача е и значајно и неизвесно. Актуелната економска криза го наведува јавното мислење на Западен Балкан да губи доверба дека мирот и економскиот развој се' уште се на дофат, создавајќи ризик за можно забавување во процесот на интеграција.
Како целина, регионот постигна забележлив напредок. Проевропските влади сега се на власт на Балканот. Неодамнешните избори во Босна покажаа дека електоратот се' уште е етнички ориентиран. Наша задача - со поддршка на новото босанско раководство - е да го пренасочиме тој пристап кон вистинско европско размислување. Демократските реформи се покажуваат како се' поефективен лек за нестабилноста, создадена во минатото од национализам и етничка напнатост. Клучното прашање е да се осигури дека Западен Балкан го задржува фокусот на европската агенда, што значи дека ЕУ мора да обезбеди насока и поттик преку опипливи иницијативи.
Токму затоа на самитот ЕУ-САД, што се одржа во Прага минатата година, јас предложив иницијатива од осум точки, од која некои елементи се целосно или делумно исполнети, меѓу кои и Конференцијата што се одржа во јули во Сараево, каде што ЕУ ја повтори својата заложба за процесот на интеграција на балканскиот регион како целина. Новите апликации за членство во ЕУ ја потврдуваат желбата на балканските влади сериозно да се ангажираат во внатрешните реформи. Меѓутоа, патот до членство во ЕУ подразбира големи жртви, така што на секоја земја би требало да и' се суди според сопствените заслуги. Европа, од своја страна, испорачува веднаш откако земјите ги усвојуваат неопходните реформи.
ЕУ треба да му даде јасни сигнали на јавното мислење во регионот дека исполнувањето на реперите на ЕУ има опипливи ефекти врз нивните животи. Србија е симболична за значењето да се оствари тоа, бидејќи јавната поддршка таму за процесот на интеграција во ЕУ значително се зголеми за само неколку месеци, од 40 на 60 отсто, благодарение во голем дел на одлуката на ЕУ од почетокот на годинава да се либерализира визниот режим.
Процесот на интеграција во ЕУ, исто така, се покажува како моќен управувач за мошне потребните реформи во Босна. И покрај загрижувачкиот политички ќор-сокак во земјата и привидното всадување, барем засега, на етничката политика, шансата да се зграби „овошјето што виси ниско“ за визна либерализација, го охрабри босанското раководство да направи сериозни напори за реформи во релативно кус временски период.
Во последните 20 години, целта за членство во ЕУ се докажа како непроценливо средство за стабилизирање, демократизирање и модернизирање на Западен Балкан. Сега лидерите во регионот треба да ги надминат преостанатите пречки, почнувајќи со разбирањето меѓу владите на Белград и на Приштина. ЕУ понуди да одигра улога на олеснувач: бараме од двете раководства брзо да ја искористат таа можност во поглед на натамошните чекори на нивните земји на патот кон европското семејство, на кое сите балкански земји природно му припаѓаат.
Способноста на ЕУ да го надмине „заморот од проширување“ и да ги одржи заложбите во регионот, исто така, зависи од јавната поддршка, затоа не смееме да бидеме скржави во нашите напори да им ги пренесеме на нашите граѓани политичките и економските предности од приемот на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
(Авторот е министер за надворешни работи
на Италија и пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“.)
"Problemot" se Srpskite teritorii nadvor od Srbija(Bosna,Kosovo,Makedonija).Spored Bukureskiot dogovor i spored crkovnite "tapii"(pravoslavni)ova se Srpski teriorii. Dodeka ova ne se resi nekako, ke se odolgovlecuva i ke se smisluvaat razni "precki"(problemot so imeto Makedonija, problemot so Republika Srpska vo Bosna, "spornata"nezavisnost na Kosovo).Izgleda se ceka Srbija da vleze vo EU i NATO pa zaedno so nea site ovie vo paket. Za zal izgleda i nas tamu ne stavile vo toj paket. Vo meguvreme ke ni prodavaat magla.
Од: Nikola vo Evropa do Ednostavno
Датум: 07.10.2010 14:07:43
Podobro vo paket otkolku nikako vo Evropa. Tvojot stav mnogu dobro go otslikuva balkanskiot nacin na razmisluvanje, t.e. "kako mozam na komsijata da mu stavam sopki odnosno da mu se odmazdam na najefektiven nacin" ednakvo na postapkite na GR sprema MK ili SLO kon HR. Namesto, da recam, NIE BALKANCITE, da sorabotuvame zaedno da stigneme do zaednicka cel (->Evropa), nie uste si gi vadime ocite. EU ja nauci lekcijata i ke ne primi site vo paket i toa samo pod uslov, da nemame otvoreni prasanja megju sebe.Toa e najfair i najtransparenten nacin-i toa licno go podrzuvam! Taka i na Grcite ke im gori pod noktite da pridonesuvaat za resenie za imeto, no od kompromis nema beganje - sto pointenzivno se raboti na resenie i porano ke postigneme "razumen kompromis", tolku podobro za MK, inace zapadot ke ni nametne resenie sto nema da ni bide po vkus.Vtoro, EU zasega ne e spremna da primi novi "lapaci na EU-pari" - dosta im se Grcite, Romancite i Bugarite.I toa nikako da vi vleze vo glavata!:-(xxxxx
Од: Dilan
Датум: 07.10.2010 14:31:57
Potpolno se soglasuvam so EDNOSTAVNO samo bi dopolnil nesto:Ovoj Dodik od republika SRPSKA javno na novinarsko prasanje si kaza deka e protiv EU i NATO od pricina sti Bosna e vo plan za vlez vo ovie inst. posle 2020 god pa kade brzame rece.Toa e treba da go kazat i nasite politicari ako imat smelost