За надлежните во Музејот на Скопје, буквите со кои еден ден по земјотресот во 1963 година беше испишана Титовата порака дека градот ќе биде одново изграден, не претставуваат вреден експонат. Дали затоа што не се од античко време?
Се зборува дека Музејот има хроничен недостиг од простор за депонирање на вредните предмети. Веројатно е така, но, се прашувам, толку ли многу место е потребно за извадените букви од писмото на солидарноста? Или нивното значење е толкаво, да не вреди да се чуваат!
Поминаа цели 10 години откако беа симнати од ѕидот и оттогаш им се губи трагата. Што е најтрагично, досега никој не се сети да праша каде се буквите, што стана со нив? И, зошто воопшто беа извадени? Ниеден градоначалник не изрази желба да ги врати.
Затоа, пак, сегашниот татко на Скопје сметаше дека приоритетно е да го поправи часовникот за да може на секој саат да „пее“! А, всушност, часовникот и не треба да работи. Напротив, неговите стрелки треба да бидат застанати на 5,17 минути и да потсетуваат на утрото кога градот беше погоден од катастрофалниот земјотрес. Часовникот не треба да се чепка, но затоа треба да се врати пораката од Тито. Бидејќи, во неа нема политика, туку само солидарност од човекот што побрза наредното утро да ја сподели болката од трагедијата со граѓаните.
Можеби навистина на Музејот му недостасува простор за чување и за изложување на експонатите. Но, одговорните мора да разберат дека буквите од Титовите зборови испишани на ѕидот се дел од колективната меморија на скопјани, кои и покрај трагедијата, се' уште не се подготвени да ја заборават катастрофата. Уште помалку искажаната солидарност.
Tuka se gleda, kako sé e prolazno. Edno vreme Tito beše najpročuen, najvreden, najdobar čovek na ogromna teritorija na Balkanot, posle go napravile - ednostavno rečeno - nikakov. Negovite dela, spomenici, pa ete, i poraka na starata železnička vo Skopje se uništeni, frleni, zaboraveni. A Tito e važen del od istorija na mnogu denešni državi, a i na MK. Sakam da kažam: ako vaka ispadna so Tito, kako ke ispadne za nekolku godini - decenii - situacija so spomenicite, za koi MK deneska dava pari nebrojani, umesto da investira vo raboti korisni za razvoj na zemjata? Ke dojde druga vlast, koja ke reče, deka nese dobri za MK, i za pari nebrojani tie ke se otstranuvaat i ke se prodavat na ton vo staro železo. I ke se postavat novi... Za milioni.. Koj znae, kakvo vreme ke dojde..?
Од: Ајван Доктор®
Датум: 07.10.2010 13:58:05
Долго време ги нема зборовите на Тито од фасадата на Музејот на Скопје!Некој безуспешно се обиде да ги избрише!Тие сеуште опстојуваат (нивните избриси се видливи) и потсетуваат на една големина,но и на примитивизмот кој се обидува да разурне,прекрои,да нè нагрди и да нè избрише со паролата „градиме“!
Од: NIKO!
Датум: 07.10.2010 14:23:50
bukvite se turisticka atrakcija vo gradot imam videno mnogu turisti kako se slikaat pred niv i niv! steta ako se izvadat
Од: вераг
Датум: 07.10.2010 14:30:52
Πορади патолошката омраза кон комуњарите вмро-ОВЦИТЕ сакаат да избришат сакаква трга од Тито. Но треба да знаат дека тие претставуваат околу четвртина од народот,што не им дава право да не се обзираат на чувствата на поголемиот дел пд народот,кој го сака и почитува Тито.Секоја власт се однесува како да историјата почнува од нив, а посебно оваа сегашнава.
Од: gragjanin
Датум: 07.10.2010 16:56:48
Komentarot e utka, kolku da se napishe neshto! Namesto da odi i da prasha, ako ne se sekjava novinarkata postavuva prashanje:"И, зошто воопшто беа извадени?" Spored slikata ne e taka mlada za da ne se sekjava 10 godini nanazad, deka toa go napravi Gjoto, direktorot na muzejot, koj beshe postaven, 1998-ta, koga na vlast dojde VMRO-DPMNE. Obrazlozhenieto beshe deka se' shto e komunjarsko treba da se unishti.